ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЦИВИЛ: Прегласувањето во седумте избирачки места се одвива без проблеми

May 22, 2024 12:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Седумте избирачки места во земјава каде денеска се прегласува за парламентарните избори 2024 се отворени навреме, а гласањето се одвива без проблеми, забележуваат нашите мобилни набљудувачи кои се на терен, информираат од ЦИВИЛ на првата прес конференција.

Прегласувањето се одвива во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.

До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46 отсто, соопштија од ДИК.

Во ИМ 2101 во Желино гласале 205 гласачи од 993 гласачи, односно 20.64%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи, од вкупно 470,  односно 18.55 %.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи, од вкупно 298, односно 11.74 %.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи, од вкупно 712, односно 21.94 %.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи, од вкупно 659, односно 12.61 %.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач, од вкупно 634, односно 4.91%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 146 гласачи, од вкупно 755, односно 19.39 %.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.

Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека во тек е постизборниот долгорочен мониторинг.

Уште во првите денови по парламентарните избори ЦИВИЛ бележи повеќе случаи закани и притисоци во неколку институции, а во институциите на локално ниво се бележи зголемен број на притисоци и постапки што може да се категоризираат како реваншизам.

Во текот на функционирањето на техничката влада, вакви случаи се бележат во Министерството за внатрешни работи. Амбиентот во оваа државна институција е таков што дел од вработените се чувствуваат несигурни, се соочуваат со рестриктивни мерки и закани со откази, а во некои случаи и со директни навреди и закани.

Овие состојби се веќе дел од сеопфатниот извештај од долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ, кој ќе биде објавен во јуни.

ЦИВИЛ ќе одржи шест прес конференции, по три на македонски и албански јазик.

Следните прес конференциите на македонски ќе се одржат во 17 и 20 часот, а на албански во 17:30 и 20:30 часот.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а вонредни обраќања ќе има доколку има итни информации од теренот.

Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учество на медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

Tags: изборипресЦИВИЛ
Next Post

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол во Гостивар

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk