Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев смета дека пратениците треба да дискутираат во Собрание, а не да молчат.
– Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се бира претседател на Собрание, напиша на својот Фејсбук профил Богоев.
СДСМ, како што наведува, треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието.
– Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор!, објави Богоев.