ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

СДСМ останува на страната на лисичани и по усвојувањето на срамниот ДУП за населба Лисиче

May 30, 2024 12:58
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МИЛУТИН РИСТЕСКИ

Вчерашното шверцерско усвојување на спорниот Детален урбанистички план за Лисиче е голем срам пред сè за Тимчо Муцунски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром. Тоа е изневерување на довербата на најмалку 1.500 жители на Лисиче, но и на најмалку 18.000 жители на Аеродром кои во 2021 година го дадоа својот глас за Тимчо Муцунски. Особено заради фактот што оваа доверба беше потврдена и пред неполн месец со точно 1.960 гласа за ДПМНЕ во населба Лисиче и 24.594 во Општина Аеродром.

16 членови на Советот на Општина Аеродром (од ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери од СП, ДПСМ, ГРОМ, ДС и Десница) гласаа за ДУП со кој се овозможува изградба на висококатница од 12 ката поделена на 2 ламели на влезот на Лисиче, една од најубавите населби во Скопје.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром направи избор и застана зад интересите на градежната мафија во Аеродром, а против интересите на нашите сограѓани од Лисиче.

Муцунски својот градоначалнички мандат го започна со иницијатива за бришење на градежна маркица, а го завршува со ДУП кој отвора врата за бетонизација на Лисиче, но и на цел и Аеродром.

Трагедијата да биде поголема, паркот на 5.000 квадрати кој требаше да никне на местото на „избришаната“ маркица, сè уште не е готов. Не успеа да го заврши за своите 3 години од мандатот. Но затоа градоначалникот во заминување и иден министер во владата на ДПМНЕ и ВРЕДИ успеа да донесе ДУП и да ја забетонира судбината на жителите на овој дел од Аеродром.

Огромна благодарност до моите колеги од советничката група на СДСМ и ВМРО-НП, но и до советниците на Левица, советникот на ЗНАМ и независниот советник Масларковски кои останаа доследни во своето ветување и со својот глас застанаа ПРОТИВ усвојувањето на овој ДУП. За жал нашите 11 гласа ПРОТИВ се помалку од 16 гласа ЗА. Но, ова треба да се има на ум на следните локални избори.

Дека оваа одлука е срам за ДПМНЕ говори и фактот што видео материјалот од седницата од кој јасно се гледа како јас и моите колеги од Советот, Љупчо, Горан и Дарко гласно дискутираме против усвојувањето на овој ДУП, Тимчо Муцунски и советниците на ДПМНЕ и коалицијата молчеа и не изустија ниту збор во одбрана на ДУП-от кој го усвоија со 16 гласа ЗА. И ова треба да се има на ум на следните локални избори.

Да не остане незабележано, согласноста за ДУП-от е потпишана од стручна комисија во министерството за транспорт и врски, на 28.05.2024 година, ден пред седницата на Советот на Општина Аеродром. Се поставува прашањето зошто оваа согласност од комисијата не можеше да го почека новиот министер за транспорт и врски? И зошто дигиталните потписи на комисијата се ставени на самиот крај на работното време на 28.05.2024 г., по верификацијата на пратеничкиот мандат на претходниот министер?

По усвојувањето на ДУП-от за Лисиче, Државната комисија за спречување на корупција, Уставниот суд и Јавното обвинителство очигледно ќе имаат полни раце работа. Да ја истражат сопственоста на катастарските парцели 1999/1, 1999/3, 2000/1, 2000/2, 2001/2, 2001/4, 2001/5, и 2001/6 најмалку 2 години наназад. Да истражат кои се аргументите за добивање на согласноста и мислењата на институциите Град Скопје, НОМА Гас и Министерството за транспорт и врски. Да го укинат ДУП-от како неуставен по примерот на укинувањето на ДУП-ови со слични недостатоци, од другата страна на булевар Србија. Да го испитаат законитоста на ваквата постапка во период на нецелосно заокружен изборен процес.

Јас лично, заедно со членовите на Советот од редовите на СДСМ, стоиме на располагање на граѓаните за секаква поддршка во вршењето на јавниот притисок за укинувањето на овој ДУП и го поддржуваме протестот на граѓаните закажан за денес во 18:30 пред Општина Аеродром!

На власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да ѝ се испрати јасна порака дека Аеродром, а особено Лисиче, не заслужи ваков почеток на мандат. На сите учесници во ова злосторство наречено ДУП ЈИ 09.01 мора да им се испрати јасна порака дека одговорноста секогаш има име и презиме!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ДУП ЛисичеМилутин Ристески
Next Post

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk