ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе го одржат ветувањето за не користење на „Северна“ и нов договор со Бугарија?

May 31, 2024 15:09
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту Христијан Мицкоски, ниту Максим Димитриевски уште кога беа во кампања во „лов“ по гласови не ветуваа некаква нова рамка за Бугарското вето, бидејќи знаеја дека нема промена на рамката оти зад неа застанаа сите држави членки на Европаската Унија (ЕУ).

Но, дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе си го одржат ветувањето пред гласачите за не користење на „Северна“ и повторно преговарање на Договорот со Бугарија?

– Мицкоски „верглаше“ не сакаме со Бугарски диктат, а Максим се кочопереше оти среде Софија на ТВ дебата ги направил лом Бугарите, и сето тоа го правеа од популистички мотиви – да ги измамат гласачите. За не користење на „Северна“ во името на државата како услов да влеземе во НАТО пред се Мицкоски знае дека договорот од Преспа за името е меѓународен и нема шанси да се раскине или смени. Тоа што сега тој и новата претседателка Силјановска – Давкова го прават со одбегнување на „Северна“ во името на државата е оддолжување спрема гласачите кои од кога е постигнат Договорот ги залажуваат. Чекаат и Мицкоски и Максо да помине време излажаните граѓани да подзаборават и да им спласне гневот кога ќе сфатат дека ги лажеле, изјави за „Фронтлајн“, новинарот и политички аналитичар – Ацо Кабранов.

Според него, по овој период, како што вели, како „попчиња“ ќе го употребат уставното име со „Северна“.

– Ќе ја прифатат рамката за решавање на спорот кој ни го наметна Бугарија само на нашиве им треба време лагата да не биде толку тазе, истакна нашиот соговорник.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека ВМРО-ДПМНЕ веќе се помести од позицијата на целосно отфрлање на Преспанскиот Договор, во понијансирано отфрлање – на одбегнување на користењето во усна употроба од носителите на државни функционери.

– Ова е сериозна промена на позиции – ВМРО сега ја прифаќа писмената форма на употреба на уставното име, но не сака тоа да го прави усно. Поаѓајќи од овој факт, сметам дека ставот на ВМРО и понатаму ќе еволуира во насока на целосно прифаќање на уставното име. Секоја друга варијанта е неодржлива на долг рок. Што се однесува на договорот со Бугарија, мислам дека тука нашата и новата Бугарска влада, треба прво да се концентрираат на создавање на коректна меѓусебни односи, за да потоа се најде и дипломатска формула во која ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ја прикаже пред своите поддржувачи како омекнување на бугарската страна. Се разбира, повторно преговарање никогаш не било а ни сега не е опција на маса, ВМРО-ДПМНЕ ја користеше таа реторика пред избори, но сега работите се променети откако е се на власт и се соочени со решавање на проблемот за почеток на преговори со ЕУ, вели Небиу за „Фронтлајн“.

Зуди Џелили – поранешен пратеник смета дека идните чекори на политичките фактори во земјава се уставните измени, кои се услов за понатамошното патување на земјата кон ЕУ.

– Не само ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, сите се свесни што треба да прават, никој нема да им дозволи да калкулираат со иднината на државата. Сега се на власт и треба да се однесуваат државнички, заврши предизборната реторика, треба да покажат конкретни резултати на патот кон ЕУ и да имаат успеси во добро владеење, нагласи тој.

„Граѓаните го казнија СДСМ заради почитување на Договорот од Преспа“, изјави портпаролот на социјалдемократите Дарко Каевски во своето последно телевизиско гостување. Тој дури рече дека граѓаните гласале за другиот табор, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, поради нивната реторика дека нема да го користиме новото име „Северна Македонија“ како што е предвидено во Договорот од Преспа и дека повторно ќе преговараат за Договорот со Бугарија. Затоа Каевски очекува овие прашања да бидат дел од новата владина програма.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДоговорот за добрососедство со БугаријаЗНАМПреспански договор

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Иран спроведува бран апсења и егзекуции по конфликтот во Израел, ја засилува контролата на социјалните мрежи и притисокот врз новинарите

June 27, 2025

Македонија се заплеткува во лавиринтот на европските преговори

June 27, 2025

Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk