ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кој губи а кој добива со реорганизацијата на министерствата во новата Влада?

June 5, 2024 11:50
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реорганизацијата на министерствата и институции според преставнициите на Европскиот фронт – ја прават ВМРО ДПМНЕ супериорна над албанската коалиција ВЛЕН. Според нив со ова реорганизација на министерства и институции Христијан Мицкоски си создава нови министерства за себе.
Кренар Лога од коалицијата Европски фронт смета дека ВЛЕН презел безначајни министерства. Според него со поддршката на ВЛЕН за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) со промена на системските закони и создавање министерства/министри – само оди на штетата Албанците.

– 2/3 за Програмата на ВМРО, но не и 2/3 за уставните измени. Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност. Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор. Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование, односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што исто така ќе направи уште едно министерство што ќе го водат Албанците безвредно, реагирал Лога.

Блерим Беџети од Европскиот фронт изјави дека реорганизацијата на Владата ѝ служи само на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма и во неколку институции кои ќе ги водат нелегитимните претставници на Албанците на кои им се одземаат надлежностите и во старт се докажува дека без легитимитет секој може да си поигрува со ресорите и со надлежностите.

Од друга страна пратеникот од коалицијата ВЛЕН – Халил Снопче изјави дека не гледа причина опозицијата да го одбие предлогот за реорганизација на Владата бидејќи, како што вели, е за подобра функционалност, како и за реализација на владината програма.

– Сметаме дека треба да се поддржи барањето. Тоа е во склад со реализација на програмските определби, изјави Снопче.

Мицкоски најави отворање на Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, бидејќи досега тоа бил еден сектор во Министерството за економија кое многу слабо ја вршел работата. Се планира досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади да влезе во Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Ресорот труд да влезе во Министерство за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура.

Министерство за информатичко технологија и администрација ќе биде министерство за дигитална трансформација, со цел поголема транспарентност, отчетност и очекувањата на граѓаните од администрацијата.

„За 10% е ветувано од ВМРО ДПМНЕ дека ќе се намали бројот на јавни институции, се предвидува укинување на позицијата заменик директор, како и намалување на управните и надзорни одбори и бројот на учесници во нив“.

Во јавниот сектор активни се вкупно 1.371 институции, вклучително и министерствата, во кои активно се вработени 128.879 луѓе, според Регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација. Ако на ова бројка се додадат и оние кои се вработени со договор на дело -бројката доаѓа до околу 160 илјади.

Намалување на 10 проценти на јавниот сектор, како што ветува ВМРО-ДПМНЕ, во пракса треба да значи укинување на 137 институции и отпуштање на околу 16.000 вработени.

Независниот синдикат на државна администрација (НСДА) – ќе бара учество на нивни синдикални претставници во најавените реформи од страна на политичките претставници на новото парламентарно мнозинство произлезено од изборите на 8 мај.

Од НСДА за „Фронтлајн“ велат дека нивното учество во ова реформа е со цел транспарентност во сите постапки, а со цел, како што нагласуваат, подобро функционирање на самата институција и државата во целина.

– Во врска со најавените реформи изјавени од страна на политичките претставници како грански Независен синдикат на државна администрација каде членуваат вработени од јавната администрација ќе бараме претходно да се изврши обука како преквалификација и да се бара согласност од членовите за да бидат преземени во други сегашни или новоформирани институции. Независниот синдикат ќе бара учество на наши синдикални претставници со цел транспарентност во сите постапки а со цел подобро функционирање на самата институција и државата во целина, изјави М-р Горан Ристески – претседател на Независен синдикат на државната администрација.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕевропски фронтРеорганизацијата на министерства
Next Post

(ВИДЕО) МТФ „Војдан Чернодрински“: Каква е улогата на сценографијата во театарска претстава?

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk