СДСМ и ДУИ засега отворено не ги поддржуваат измените на Законот за локална самоуправа, за да нема предвремени избори во општините, чии градоначалници ќе преминат во извршната власт.
За овие измени потребно е двотретинско и Бадентерово мнозинство, што значи дека се потребни и гласовите на опозицијата. Коалицијата ВЛЕН е предлагач на законот, но ја поддржува и ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВЛЕН велат дека предлогот ќе биде доставен до Собранието до понеделник, за да биде одобрен пред изборот на новата Влада. Дел од предлог министрите кои се и актуелни градоначалници на општини.
Од Европскиот фронт велат дека не го виделе предлогот за законот – а кончен став ќе имаат кога истиот ќе биде во рацете на пратениците.
– Ставот за ваквото решние ќе го градиме допрва, изјавија преставниците на Европски Фронт.
И од најголемата опозициска партија СДСМ велат дека одкако ќе го разгледат предлогот ќе одлучат како ќе гласа нивната пратеничка група.
– Откако ќе стигне предлогот ќе го разгледаме и на координација ќе одлучиме како ќе гласаме“, велат од пратеничката група на СДСМ.
Од таму додават дека тие не бегаат од избори, но како што велат, за ова прашање ќе заземат конечен став кога истиот ќе биде во собраниска процедура.
Новото законско решение предвидува вршители на должности на општините да можат да раководат со општините до одржувањето на локалните избори, наесен наредната година, под услов до истекот на мандатот на градоначалникот да останат неполни две години.
Додека актуелното законско решение предвидува дека доколку има повеќе од шест месеци до редовните локални избори, тогаш се организираат предвремени избори за градоначалник, а постојниот општински совет продолжува да функционира до одржувањето на редовните локални избори.
Доколку се направи оваа промена тогаш во овие три општини нема да има предвремени локални избори, туку ќе се чекаат регуларните, додека општините ќе ги водат вршители на должност градоначалници кои ќе ги определи Владата.
На градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети му е верифициран пратеничкиот мандат, а тој ја напушти функцијата прв човек на општината, продолжувајќи го политичкото патување како пратеник.
Од друга страна, градоначалникот на Гостивар – Арбен Таравари се очекува да биде следен министер за здравство.
Како дел од кабинетот на идниот премиер Христијан Мицкоски, се очекува да биде и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. За пратеник во новиот пратенички состав беше избран и градоначалникот на општина Тетово – Билал Касами, но тој се откажа од пратеничкиот мандат.
Дестан Јонузи