ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ во новата влада

June 16, 2024 20:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на седници ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мандатор на идната Влада, денеска на прес-конференција ги соопшти имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ во новиот владин состав.

Како што соопшти Мицкоски, највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат: министер за одбрана да биде Владо Мисајловски, министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, министер за внатрешни работи да биде Панче Тошковски, за надворешни работи Тимчо Муцунски, а за транспорт и врски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој ќе биде и вицерпемиер. Министер за Локална самоуправа, Златко Перински. Сања Божиновска е предложена да го води новото министерство за енергетика, а Весна Јаневска да биде министерка за образование и наука. За министер во Министерството за дигитална транзиција се предлага Стефан Андоновски, во Земјоделство – Цветан Трипуновски, во Култура и туризам – актерот Зоран Љутков, во новото министерство за спорт министер да биде Борко Ристовски, а Љупчо Димовски од Социјалистичката партија да биде министер без ресор, задолжен за политички систем, Иван Стоилковиќ заменик претседател на владата задолжен за ресорот Однос со заедниците и Шабан Салиу министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема доверба и полагам голема надеж. Доаѓаат убави времиња за државата и народот, истакна Мицкоски.

Во владата, која е реорганизирана со законски измени усвоени во Собранието, и ќе има 20 министерства, ќе учествуваат претставници на коалициите „Твоја Македонија“, „Вреди“ и од партијата ЗНАМ.

Официјални предлози за министри претходно соопштија Беса, ЗНАМ и Алтернатива кои беа утврдени од нивните партиски тела.

Собранието на партијата Беса на Биљал Касами, која е дел од коалицијата „Вреди“, на состанок во четвртокот одлучи за членови во новата Влада да ги кандидира Фатмир Лимани – за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши – за министер за економија и труд и Седат Сулејмани  за заменик-министер за култура и туризам.

Централното претседателство на Алтернатива, пак, синоќа го избра Орхан Муртезани за нивни кандидат за министер за европски прашања, Лулзим Алиу за кандидат за заменик-министер за образование и наука и Сафије Садики-Шаини за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Досегашниот лидер на оваа партија, Африм Гаши, е претседател на Собранието.

Од другите партнери во коалицијата „Вреди“, според изјави во медиуми, извесно е дека лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија,  а лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари – министер за здравство.

На седница на партискиот Централен одбор, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во петокот ги утврди своите кандидати со кои ќе партиципира во владата –  Игор Филков е нивниот кандидат за министер за правда, а Горан Минчев – кандидат за министер за јавна администрација.

Од партијата на Максим Димитриевски соопштија дека преговараат и за две заменик министерски места, но ресорите не се дефинирани, а од нивните редови е еден од тројцата потпретседатели на Собранието – пратеничката Весна Бендевска.

Прв закон усвоен по конституирањето на новиот парламентарен состав беше за реорганизација на владата (измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа) донесен на 8 јуни, со што се создадоа услови за формирање на новата влада.

Бројот на министерства се зголемува од 16 на 20 бидејќи се воведуваат нови: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини; Министерство за спорт; Министерство за дигитална трансформација и Министерство за европски прашања – кое досега беше на ниво на секретаријат.

Надлежностите/секторите на некои министерства се пренесуваат во други, така што ќе имаме Министерство за економија и труд; Министерство за социјална политика, демографија и млади; Министерство за култура и туризам.

Новата влада треба да биде формирана пред истекувањето на рокот од 20 дена кој почна да тече од  6 јуни, кога претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му го додели мандатот за формирање на Владата.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕМинистриМицкоски
Next Post

 Англија ја совлада Србија со голот на Џуд Белингем

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk