ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жените – дефицитарни во составот на новата влада

June 22, 2024 15:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во новиот владин состав предложен од мандатарот Христијан Мицкоски ќе има 20 мажи и само три жени. Просечната возраст на членовите на владата е 47 години. Најстариот има 66 години, а најмладиот 33.

Ова е една од владите со најмногу членови од осамостојувањето на државата, а со најмал број на жени кои ќе предводат некое од министерствата.

„При изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водев од принципите за чесност, и посветеност, да бидат луѓе кои ќе дадат голема енергија во процесите и целосно ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели. Го немаме луксузот да не се успее“, рече мандатарот Мицкоски за време на претставување на предлозите за министри од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Дали ова значи дека во владејачката коалиција нема доволно жени кои се чесни, работливи, енергични и амбициозни?

Од друга страна, новоизбраната претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која беше поддржана на изборите од ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор за време на инаугурацијата во Собранието изрази надеж дека бројот на жените во новата влада ќе биде поголем од 42 процента.

„Јас не го знам соодносот на жените и мажите во следниот пратенички состав, но многу би сакала да направиме чекор напред во оние 42 проценти. Не случајно држава е во женски род, политика е во женски род, демократија е во женски род, Македонија е во женски род. Помогнете им, пратеници, витези, на жените да го изразат тоа што го имаат, а што не можеле досега“, истакна таа во инаугуративниот говор пред пратениците и гостите на 12 мај.

За жал, не само што не е направен чекор напред, туку овојпат нивниот број изнесува 13 отсто.

Но, и Силјановска-Давкова, која ги глорифицираше жените во својот говор, при кадровските промени во својот кабинет за генерален секретар и негов заменик постави двајца мажи.

Сето ова ја става жената на пониска стартна позиција во политичкото позиционирање и во очите на јавноста ја претставува како помалку успешна, помалку способна, помалку стручна, и пред сѐ, пониско ја вреднува како можен раководен кадар.

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА
Tags: бројВладажениминистерства
Next Post

Граѓаните очекуваат конкретни мерки, јасни планови и рокови за реализација, а тоа го нема во предлог-програмата на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk