ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ бара дела и реформи, Софија против повторно преговарање на францускиот предлог, Мицкоски се надева на политичка волја

June 26, 2024 10:50
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Европската Унија велат дека ќе соработуваат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на реформите во земјава, но од Брисел нагласуваат дека мора да се исполнат и обврските.

Од друга страна, официјална Софија реагираше по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку има политичка волја може да се смени преговарачката рамка и да се најде решение.

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека повторното преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само дополнително ќе го оддалечи Скопје од почеток на преговорите со ЕУ.

– Министерството за надворешни работи упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и самата Северна Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја. Исто така, принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската унија и во преговарачките рамки на сите претходни и сегашни проширувања. Покренувањето идеи за повторно преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори, се наведува во соопштението на буграската дипломатија.

„Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат“, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро, коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека „нема да прифати промена на Уставот“.

За можното „не користење на уставното име од страна на Владата“, Писонеро вели дека: „Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја“.

Пратеникот на опозициската СДСМ, Митко Трајчулески на собраниската седница за избор на Влада истакна дека поддршката на граѓаните за новото мнозинство е речиси две третини и очекувањата за исполнување на ветувањата се големи.

– Времето брзо ќе тече за ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја забрза европската интеграција, дека ќе ја промени Преговарачката рамка и дека ќе нема уставни измени. Исполнувајте, народот за тоа ви дал доверба. Никој во СДСМ не е наивен да мисли дека Преспанската спогодба и Договорот со Бугарија беа лесни за голтање но ние и тогаш и сега веруваме дека тоа е единствениот пат за обезбедување сигурна иднина за сегашните и идните генерации. Свесно влеговме во овие процеси и го заштитивме македонскиот јазик и идентитет. Сега вам ви е редот, издејствувајте подобри услови за членство во ЕУ, рече Трајчулески.

Премиерот Христијан Мицкоски во своето последно телевизиско интервју изјави дека ќе бара решенија со официјална Софија и дека преговарачката рамка со ЕУ може да се промени.

– Имаме најмалку три креативни решенија за кои сум подготвен да разговарам кога ќе има политичка влада во Бугарија и за кои сметам дека можат да бидат излезно сценарио од целиот процес. Вие зборувате за политичка волја. И велите, ако тоа се случи, тогаш може да се смени и преговарачката рамка? Апсолутно, Вие ако имате политичка волја и вистинско читање на нештата, се може да се случи, ако се сака, рече Мицкоски.

Во францускиот предлог (преговарачка рамка) се наведува дека Северна Македонија ќе треба да го смени Уставот за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: атинаЕУСкопјеСофијафранцуски предлог
Next Post
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Мислење оперирано од мислење

НАЈНОВО

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 6, 2025
Скриншот

Електричниот Porsche Cayenne 2026 носи револуција во кабината со екрани, амбиент и панорамски покрив

October 6, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Француската опозиција бара предвремени избори

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk