ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Борел: При посетата на Москва Орбан не ја претставува ЕУ на ниту еден начин

July 5, 2024 15:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија и тој нема добиено никаков мандат од Советот на ЕУ за посета на земјата, наведе високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

– Унгарија сега е земјата членка на ЕУ која го извршува ротирачкото претседавање со Советот до 31 декември 2024 година, но тоа не повлекува никакво надворешно претставување на Унијата, што е одговорност на претседателот на Европскиот совет на ниво на шефови на држави или влади и на висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност на министерско ниво, се додава во писмената изјава на Борел.

Тој посочува дека позицијата на ЕУ за руската агресија врз Украина е изразена во многу заклучоци на Европскиот совет и таа ги исклучува официјалните контакти меѓу Унијата и рускиот претседател Владимир Путин.

Унгарскиот премиер не ја претставува ЕУ на ниту еден начин. Покрај тоа, вреди да потсетиме дека претседателот Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и издаден е налог за апсење за неговата улога во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија, додава Борел во писмената изјава.

Коментирајќи ја посетата, главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер порача дека независно од тоа какви пораки ќе бидат испратени од страна на Орбан од Москва, нејзината суштината не е вистинскиот начин, бидејќи се работи за обид за смирување, а не за постигнување мир и со неа се поткопуваат единството и посветеноста што треба да ги манифестира ЕУ за ставање крај на војната

– Смирувањето нема го спречи Путин. Само единството и посветеноста ќе го трасираат патот кон сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина, истакна Мамер, додавајќи дека колку што му е познато Орбан не се координирал со никого во ЕУ во врска со неговата посета на Москва.

Тој посочи дека постои јасна политика на ЕУ кон руската агресија врз Украина официјално изразена на повеќе нивоа, која треба да спроведува со пружање поддршка на Киев, со неотстапување од ставот дека кога се преговара за крај на конфликтот на преговарачката маса треба да бидат и украински претставници, како и со испраќањето јасна порака до „рускиот агресор“ дека единствен начин за итен премин на војната е безусловно повлекување на неговите трупи од Украина.

Мамер нагласи дека иако Орбан нема мандат од ЕУ, сепак неговата посета на Москва има симболично значење, бидејќи доаѓа пет дена по почетокот на унгарското претседавање со Унијата.

– Постои процес во кој целосно учествува и ЕУ за организирање на мировна конференција. Се сеќавате дека пред само неколку недели претставници на Комисијата и високиот претставник за надворешна политика и безбедност беа на настан во Швајцарија, чија цел беше како да се постигне одржлив и праведен мир со почитување на украинските права, рече Мамер

Според него, единствениот начин за постигнување на тој мир е мировен процес менаџиран на ниво на ЕУ и зачувувањето на единството во однос на руската агресија, а не преку индивидуални иницијативи и посети на Москва.

– Сите овде во ЕУ сакаме мир. Но, да биде јасно. Сакаме праведен мир за Украина. Не сакаме смирување на Русија.  Затоа веруваме дека патувањето во Москва, повеќе му оди во прилог на Владимир Путин, отколку на напорите за постигнување одржлив мир со согласност на Украина, истакна Мамер, потсетувајќи дека од почетокот на руската агресија врз Украина, па досега, ниту еден европски лидер на бил во посета на Москва.

Портпаролката на Еврокомисијата за надворешни работи и безбедносна политика, Набила Масрали пренесувајќи делови од писмената изјава на Борел за посетата на Орбан на Москва, додаде дека секое решение за руската агресија треба да се базира на почитување на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, согласно Повелбата на ОН.

– Позицијата на ЕУ кон руската воена агресија врз Украина е многу јасна и изразена во нејзините заклучоците поддржани од сите 27 земји членки, вклучително и Унгарија, дека Русија мора итно и безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од целата украинска територија, согласно меѓународното право, нагласи Масрали.

Tags: БорелЕУОрбанПутин
Next Post

Кралот Чарлс му го довери на Кир Стармер мандатот за формирање влада

НАЈНОВО

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025
Скриншот

Технички дефект во Cloudflare: Делови од светската мрежа не работат или имаат чести прекини

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk