Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Србија Ивица Дачиќ изјави дека убиецот на полицаецот во Лозница, е ликвидиран, пренесе Глас на Америка на српски јазик.
Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјавил Дачиќ, соопшти МУП, а пренесуваат медиумите, притоа, не соопштувајќи го идентитетот на убиецот.
За потсетување, ноќта меѓу средата и четвртокот во Лозница, еден полицаец е убиен, додека друг е тешко ранет, а припадниците на МВР нашле косовски пасош на осомничениот по име Артан Хајризи (1991) и германска лична карта на местото на злосторството.
Претходно, властите на Србија најавија потрага по косовскиот граѓанин Артан Хајризи, бидејќи тврдат дека на местото на настанот биле пронајдени неговиот пасош издаден од Република Косово и неговата лична карта издадена од Германија.
За овој случај досега се уапсени три лица.
Според косовските медиуми, главниот осомничен, самиот Артан Хајризи дал бројни изјави за косовските медиуми во кои тврди дека неговиот брат Фатон Хајризи му ги украл личните документи.
Онлајн весникот Reporteri.net го обезбеди документот за случајот што во четвртокот го отвори Артан Хајризи во полицијата во Хановер, за губење на лични документи, кои според српските власти биле пронајдени на местото каде што бил убиен српски полицаец, а негов колега бил ранет во Лозница.
Според косовските медиуми, Артан Хајризи вчера отвори случај во полицијата во Хановер за губење на лични документи: лична карта и пасош издадени од Република Косово и германска дозвола за престој.
Косовскиот премиер Албин Курти повика да не се политизира овој случај. Курти рече дека нема повеќе информации од она што е објавено во медиумите, во врска со тврдењата на српските власти дека државјанин на Косово бил вмешан во убиството на полицаец во Србија.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа