ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Унгарија најави блокада на исплатите од ЕПФ се додека Украина не дозволи транзит на нафта на „Лукоил“ преку „Дружба“

July 24, 2024 11:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарија ќе го блокира повратот на средства од Европската Унија за земјите членки кои и дистрибуира воена опрема на Украина, се додека Кијив не дозволи транзит на нафта од руската компанија „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“ што минува низ украинска територија, најави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Додека Украина не го реши ова прашање сите нека заборават на исплатата на компензацијата од 6,5 милијарди евра од Европскиот мировен фонд (ЕПФ) за трансфери на оружје, изјави Сијарто

Унгарија и Словачка во понеделникот побараа од Европската комисија да посредува во „процедурата за консултации со Украина“, откако Кијив ја додаде „Лукоил“ на нејзината листа на санкционирани, што опфати и прекин на испораките на нафта од руската компанија за двете земји.

Портпаролот на Европската комисија за земјоделство и трговија Олоф Гил вчера потврди дека извршниот потпретседател на ЕУ задолжен за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис примил заедничко писмо од министрите за надворешни работи на Словачка и Унгарија во кое се наведени последиците од украинската одлука за прекин на снабдувањето со нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“.

– Во моментов ја проучуваме содржината на писмото и разгледуваме повеќе информации, пред да донесеме одлука, рече Гил, додавајќи дека засега нема директно влијание врз снабдувањето со нафта на ЕУ од прекинот на дистрибуцијата на нафта од „Лукоил“ преку украинска територија, но дека ситуација се следи во рамки на Групата за нафтена координација.

Тој информира дека ЕК е во контакт со владите на Словачка и Унгарија, како и на Украина, но нагласи дека при ваквиот тип на процедури, само ЕУ претставувана од Комисијата, а не и одделни земји членки, може да иницира некакви мерки или постапки.

Словачка и Унгарија уште минатата недела соопштија дека престанале да добиваат нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“. Унгарија од „Лукоил“ добива околу два милиони метрички тони нафта годишно, што претставува околу една третина од вкупниот нафтен увоз на земјата.

Нафтоводот „Дружба“, со вкупна должина од околу 4000 километри, е изграден кон средината на 60-те години на минатиот век со цел да дистрибуира нафта од тогашниот Советски Сојуз до државите од социјалистичкиот блок во Источна Европа. Нафтоводот продолжи да функционира и по распадот на советскиот блок, но и по руската инвазија врз Украина, и покрај одлуката на ЕУ за намалување на зависноста на нејзините земји членки од енергенси од Русија.

Преку нафтоводот „Дружба“ транзитираат околу половина од вкупните испораки на нафта на „Лукоил“, од кои целосно зависат рафинериите на унгарската енергетска компанија МОЛ во Унгарија и Словачка.

Сијарто во понеделникот во Брисел, каде присуствуваше на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ, најави дека Унгарија и Словачка и даваат на Европската комисија рок од три дена да одговори на нивното барање и доколку „консултативната процедура“ не даде резултати тие ќе го покренат прашањето пред „меѓународен суд по нивни избор“.

Инаку, Европскиот мировен фонд (ЕПФ), кој е формиран во 2021 година, функционира како шема за поврат на средства за членките на ЕУ за дистрибуција на воена опрема во други земји. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, земјите членки на ЕУ кои му испорачаа оружје и муниција на Кијив може да побараат исплата на компензација од Фондот за испораките. Унгарија повеќе од една година ја блокира исплатата на следната транша од средствата од ЕПФ, образложувајќи ја својата постапка со различни причини.

Tags: нафтаСијартоУкраинаУнгарија
Next Post

ВЛЕН за кривичната пријава на внукот на Али Ахмети: Правосудните органи да испорачаат правда

EVN

НАЈНОВО

НАСА и „Voyager Technologies“ договорија нова приватна мисија до Меѓународната вселенска станица

April 16, 2026

Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

April 16, 2026
Скриншот

Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

    Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk