ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адеми: Извештајот на ЕУ за владеење на правото е големо охрабрување за Врховен суд

July 25, 2024 16:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПРАВДА

Извештајот на Европската Унија за владеењето на правото во делот за Врховниот суд претставува големо охрабрување и мотив да се продолжи со заложбите, кои Врховниот суд ги има за унапредување на транспарентноста, независноста, ефикасноста и примената на европските стандарди, изјави претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Препораките на Европската Унија, според неа, имаат клучно значење за потребните реформи.

– Особено во поглед на укажувањата на Оценската мисија на Европската Унија, а со цел да се обезбеди целосна независност на судството како основа за владеењето на правото, вели Адеми.

Како што дополнуваат во соопштението од Врховен, во Извештајот на Европската Комисија се нотира дека Врховниот суд под покровителство на претседателката Адеми, презел мерки за унапредување на транспарентноста, особено преку активностите на Советот за отворено судство во рамки на Врховниот суд.

Во таа насока се истакнува значењето на Советот за отворено судство, кој под водство на претседателот на Врховниот суд го спроведува акцискиот план кој предвидува подобрување на односите со јавноста меѓу судовите и јавноста.

Од аспект на унапредувањето на транспарентноста, во Извештајот  се потенцира дека Врховниот суд на предлог на претседателката Адеми, утврдил начелен став за објавувањето на неправосилните судски одлуки, кој пониските судови во државата го почитуваат.

Во делот за независноста на судството, од Врховен дополнуваат дека во Извештајот се истакнува дека претседателката на Врховниот суд упатила јавни критики и реакции за постоењето на несоодветни влијанија и притисоци во судството и во таа насока се укажува на контроверзноста на постапката која се водеше против претседателката на Врховниот суд пред Судскиот совет.

Извештајот нотира и дека Врховниот суд утврдил начелен став за директна примена на Европската конвенција за заштита на човековите права, а во врска со правото на жалба во контекст на одредбите од Законот за Судскиот совет.

Во Извештајот на Европската Комисија е наведена и јавната реакција на Врховниот суд за континуираното непочитување на законскиот лимит за обезбедување на буџетот за судството што се одразува на независноста на судската власт, како и проблематичноста на измените на Кривичниот законик, за кој Врховниот суд, исто така, имаше јавна реакција.

Tags: Беса АдемиВрховен судЕУИзвештај
Next Post

(ВИДЕО) Камала Харис го објави планот за елиминирање на медицинскиот долг на десетици милиони Американци

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk