Украинската војска на 3 август уништи руски ловец-бомбардер Су-34 и складиште за муниција на аеродромот Морозовск во руската Ростовска област, соопшти Украинското воено разузнавање (ХУР) на 5 август, повикувајќи се на сателитски снимки, пренесува Кијив Индипендент.
Пред тоа, Генералштабот на вооружените сили на Украина го потврди нападот на рускиот аеродром, велејќи дека е погоден магацин за муниција.
Два други руски авиони Су-34 најверојатно биле оштетени од урнатини, според воената разузнавачка агенција.
Во нападот целосно е уништено складиште за оружје на руската авијација, соопшти ХУР. Објавените сателитски фотографии покажуваат кратери предизвикани од експлозии на територијата на аеродромот, кој се наоѓа на 265 километри (165 милји) од линијата на фронтот.
Воздухопловната база Морозовск и претходно беше цел на Украина. Извор од разузнавачките агенции изјави за Киев Индипендент во април дека шест воени авиони стационирани на аеродромот биле уништени во украински напад.
Украинската војска соопшти дека украинскиот ракетен напад на 2 август ја потопил подморницата на руската Црноморска флота од класата „Ростов на Дон“ и оштетил систем за воздушна одбрана С-400 на окупираниот Крим.
Подготви: Ј. Ѓ.