Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Веднаш се гледа дека муабетот за „дестабилизација”, на прес (и тоа прес со премиер на друга држава!) е лага. Склопено ПР трикче божем против ДУИ, но со главна намера да изрекламира дека ДПМНЕ има вонинституционална мрежа од кодоши. „Канали”, е главното што е кажано во изјавата.
Бидејќи ако КАЖЕШ јавно од таа позиција „ЌЕ има дестабилизација од ДУИ наесен”, значи дека не може да било планирање дестабилизација, во спротивно им правиш на ДУИ бесплатен јавен повик на заинтересирани страни да се приклучат.
Настрана што претседателката изјавува дека нема инфо нити ќе свикува седница на Советот за безбедност.
Изјавата е ПР изјава и за нагласување на учеството на ДУИ во власта 20 години со алудирање на економски криминал (,…во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години…”), оти „каналите” е смешно да кодошат за зоштоа за „дестабилизација”, туку се таму за да пренесат какоа и штоа. Без оглед дали воопшто постојат тие „канали”. Односно, ако лажеш, барем не претерувај.
И настрана што го изјавува тоа небаре дестабилизација е приредба:
„…Според тие информации, очекуваме тоа да се случи оваа есен”.
Друго го боли ДПМНЕ, што го носи Хуавеи, со унгарскиот оператор, во земја – стратешки партнер на САД. Што мора да се глупира со коридорите. Што се навлекоа да направат од Македонија палома на Орбан за комплетно неконгруентни интереси со македонските определени уште веднаш по осамостојувањето – Европа и САД. Тоа што Орбан изигрува тројански коњ, а Вучиќ седи на две столчиња, не значи дека истото овде наслепо треба да се препише. Нема препис на туѓи интереси. Ни за ПР!