ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Една жртва, изгорени куќи, објекти и огромна материјална штета во пожарот во регионoт на Атина

August 13, 2024 09:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Јагленисано тело на жена било пронајдено доцна синоќа во деловен објект што изгоре во атинска населба, што воедно е и првата жртва во големиот пожар што од неделата го зафати североисточниот дел на областа Атика, додека утрово ситуацијата со огнената стихија е значително подобрена, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот остави изгорени куќи, објекти и огромна материјална штета на голема површина што надминува над 10.000 хектари.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, доцна синоќа рече дека ситуацијата е подобрена и постојат само помали активни жаришта.

Кусо по 5 часот утрово имаше големо разгорување во близина на населено место во источниот дел на областа Атика и до жителите беше испратена порака за евакуација од бројот 112 за итни случаи.

Пожарот е активен веќе трет ден, интервенираат 702 пожарникари со 27 пешадиски тима и 199 возила, како и голем број волонтери, а со првите зраци на сонцето почна гаснењето и од воздух.

Преку Европскиот механизам за цивилна заштита, Грција побарала помош во справувањето со огнените јазици, а позитивно одговориле Франција, Чешка, Италија, Србија, Романија и Турција, кои испраќаат противпожарни сили.

Воздушни средства испраќаат Турција, два противпожарни авиони тип „Tractors“, Србија еден хеликоптер од типот „Kamov“ и Франција хеликоптер од типот Супер Пума со кофа, додека пак копнените сили ќе пристигнат од Франција (200 лица, со 28 цистерни), од Романија, која испраќа 44 лица со четири цистерни, како и од Србија 35 лица со десет возила.

Од Италија утрово се очекува да пристигнат два противпожарни авиони Канадер, а Чешка испраќа 75 пожарникари и 25 возила, од кои 9 се цистерни.

Tags: атинаГрцијапожар
Next Post
Скриншот / Инстаграм / Cliff Wats

Следачите благодарни на Колин Фарел оти со личен пример ја подига свеста за ретките болести и попречености

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk