ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски и Арсовска си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за катастрофалната состојба на Скопје

August 14, 2024 11:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам

Мицкоски и Арсовска слават изборна победа на Арсовска во Скопје. Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Мицкоски од една страна и Град Скопје и градоначалничката Арсовска од друга, си ја префрлаат топката за тоа кој е одговорен за катастрофалната состојба во главниот град на државата.

Од Град Скопје истакнуваат дека 10 месеци Советот под контрола на Мицковски намерно не ја гласа програмата за Јавна чистото на комуналното претпријатие, од друга страна премиерот Мицкоски, бара службите на Град Скопје да си ја вршат работата, во спротивно е можно одземање на ингеренциите

-Десет месеци Советот на градот, под контрола на Мицковски намерно не ја гласа програмата за ЈАВНА ЧИСТОТА НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА со што директно го попречува собирањето на смет и ја намерно ја нарушува јавната чистота. Се работи за 100 луѓе кои во период од 20 години наназад редовно, секоја година го чистеле градот, освен оваа година, Советниците под контрола на Мицковски за оваа своја партиска послушност за секоја седница добиваат по 500 евра. Единствен губитник во оваа политичка игра на акумулирање на моќ се граѓаните на Скопје.Целата операција на Мицковски всушност е покривање на изневерените политички и национални ветувања, кои што бев дел од фолклорот на митинзите и по штабовите, како и на сите негови прес конференции, во објава на социјалните мрежи реагираат од Град Скопје и градоначалничката Арсовска.

Оттаму велат „ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше“.

„Како за почеток, апелираме премиерот Мицковски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицковски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата. Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја превземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“, се наведува во објавата од Град Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека алармантни повици пристигнувале до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје. Тој ги повика да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, тоа што денеска се случува во Скопје, не личи на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.

– Алармантна е состојбата. Алармантните повици стигаат до Владата. Го слушаме гласот на скопјани. Од тоа што можам да кажам сега за сега, ова е повик до институциите што се под ингеренции на Градот Скопје, да си ја вршат работата за што се платени. Во спротивно, ќе мораме сериозно да ги разгледаме можностите за одземање на тие ингеренции и да можеме како Влада да се справиме со тоа што денеска се случува. Јавниот градски превоз, хигиената за што претходно зборував и така натаму, рече Мицкоски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

НАСА и Пентагон бараат алтернативи за СпејсИкс поради конфликтот меѓу Трамп и Маск

June 8, 2025

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk