ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиски препукувања околу судијата Пајазити: СДСМ велат е избран во време на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за ВМРО-ДПМНЕ тој е експонент на СДСМ и ДУИ

August 19, 2024 11:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓупартиски препукувања за Пајазит Пајазити, судијата што му одреди куќен притвор на Блерим Рамадани, кој е во бегство додека во тек беше екстрадициона постапка.

СДСМ велат судијата Пајазити е избран во време на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за ВМРО-ДПМНЕ тој е експонент на СДСМ и ДУИ. Таравари смета дека секој што не постапувал како што треба, треба да сноси одговорнст.

– Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор, соопштуваат од СДСМ.

„Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 02.01.2013 година. ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата Министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова. Во најкус бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветено обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае“, истакнуваат од СДСМ.

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „судијата Пајазити е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, реагираат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега. Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор. Очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега. Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Арбен Таравари, министер за здравство фотографија/ Ариан Мехмети – ЦИВИЛ

Таравари смета дека секој што не постапувал како што треба, треба да сноси одговорнст.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека нема информации во однос на случајот со судијата Пајазит Пајазити по бегството на Блерим Рамадани од домашен притвор, но оти секој кој што не постапувал како што треба, треба да сноси одговорност.

-Јас немам точни информации за што се работи. Меѓутоа не само за конкретното име, туку за секого кој што не постапувал како што треба, треба да има одговорност. За конкретниот случај немам точна информација кога ќе имам ќе имаме и став како коалиција Влен, рече Таравари на новинарско прашање дали Вреди ќе се придружи на барањето на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ кој веќе два дена бара одговорност за судијата Пајазити за одлуката за куќен притвор за Рамадани.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.

Содржината на налогот за апсење на Рамадани се заснова на сомневањата на Србија дека како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Специјална комисија ќе го испитува случајот со бегалецот Рамадани, за министерот Филков одлуката на судијата Пајазити за „куќен притвор“ е неразбирлива, СДСМ бара одговорност

Tags: Блерим РамаданиПајазит Пајазите
Next Post

Лина Ѓорческа со Аргентинката Риера во првото квалификациско коло на УС Опен

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk