ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Се надевам дека пред Нова година ќе ги внесеме на терен „Бехтел и Енка“ за автопатите на коридорите 8 и 10д

August 19, 2024 14:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Бехтел и Енка. Фото: Скриншот

Бехтел и Енка. Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови.

Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата.

-Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат  во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат.  Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.

Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај  планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата.

Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот  на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на  „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.

-Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој  е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша  Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради  четири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( над 17  километри)  и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д. 

Next Post
Охрид. Фото: МИА

Македонско-српски полициски патроли до 30 август ќе патролираат низ Охрид

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk