ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Мицкоски го носеше украинското знаме

August 24, 2024 19:51
in ESPRESSO, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Христијан Мицкоски (фото: ЦИВИЛ)

Христијан Мицкоски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Владиниот врв, на чело со премиерот Мицкоски и првиот вицепремиер Меџити и неколку министри и високи функционери присуствуваа на одбележувањето на Денот на независноста на Украина во Скопје. Владиниот врв уредно и со почит присуствуваше од почетокот до крајот на церемонијата што започна кај споменикот на украинскиот големец Тарас Шевченко во Паркот Жена борец и заврши со пригодни говори кај Алејата Украина. Овој настан вообичаено привлекува голем број дипломати и поддржувачи на Украина.

Премиерот, вицепремиерот и министрите го носеа големото украинско знаме низ центарот на главниот град и стоеја под жешкото сонце во првиот ред на свеченоста во Алејата Украина. Да, добро прочитавте, и Мицкоски го носеше знамето на Украина низ центарот на Скопје. Тој и високите владини претставници со внимание ги проследија говорите, украинската и македонската химна, и со минута молк им оддадоа почит на жртвите на руската агресија против Украина. По церемонијата и говорите, предводени од претставниците на амбасадата на Украина, Мицкоски, Меџити и другите министри ја посетија изложбата на отворено, со слики и цртежи од децата од херојскиот Никопољ, што беше поставена на Алејата Украина.

Овој гест на Мицкоски и високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во владата, за мене е големо и пријатно изненадување. Без шега и иронија. Дали е акт на вистинска и искрена политичка волја на Мицкоски или е само пи-ар, ќе покаже времето. Како тоа ќе се одрази врз интензитетот и формите на руската пропаганда во македонските медиуми, исто така, останува да се види.

Од присуството на првиот вицепремиер Меџити не сум изненаден, бидејќи неговата отворена и силна поддршка за Украина е позната од порано, како во времето кога беше партиски функционер на ДУИ, така и подоцна, кога го формира Демократското движење. Тој беше еден од функционерите кој, заедно со градоначалникот на Чаир, Ганиу, го овозможи отворањето на Паркот Украина пред зградата на општината.

Северна Македонија е меѓу првите европски држави што ја поддржаа Украина уште од првиот ден на целосната руска агресија на 24 февруари 2022 година.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа

Tags: ДералаМицкоскиУкраина
Next Post

Потпаролот на ВЛЕН привремено ќе ги замрзне политичките активности, откако обвинителството спроведе постапка против неговиот татко за други полови дејствија

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk