ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши за случајот „патување во Косово“: Не можам да застанам на пасошка контрола и да ги проверувам пасошите

August 27, 2024 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека интерпелацијата за него не е политички издржана. Осврнувајќи се на неколкуте забелешки и медиумски написи во изминатиот период, но и тврдења во самото барање за интерпелација, рече дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони.

– Поднесена е интерпелацијата. Веднаш на првата седница ја ставивме, тоа ќе биде прва точка. Мене ми е мило што ќе се расправа и ќе и се објаснат на јавноста наводите што се поднесени во таа интерпелација. Се што е во рамки на Деловникот и во рамки на демократичноста во Собранието, го почитувам, било тоа да се однесува на институцијата претседател на Собранието или на било кого. Ќе бидеме отворени кон секоја иницијатива, ќе го почитуваме Деловникот и се надевам дека на 3 септември ќе има соочување на аргументи и потоа пленумот ќе одлучи. Како ќе одлучат тие, така ќе постапиме. Верувам дека мнозинството ќе ја донесе најправедната одлука. Таа каква и да биде, ќе ја почитувам, рече Гаши.

Претседателот на Собранието одговари на новинарски прашања за неговото приватно патување со службени возила на свадба во Косово.

Тој рече дека тој е обврзан како претседател на Собранието секаде да се движи со службено возило, иако не би сакал тоа да биде така.

Во врска со овој случај, Гаши кажа дека уредно бил најавен дека ќе патува на Косово, но дека, како што рече, не може да застане на пасошка контрола и да ги провери пасошите. Сепак, тој не кажа колку лица патувале со него со службените возила. Најави дека ќе покрене иницијатива и со Министерството за внатрешни работи да се доуредат одредени пропусти.

Од СДСМ велат дека „Гаши потврди дека одговорноста е кај Тошковски“.

– Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска призна дека свадбарите со приватни возила на граничниот премин Блаце поминале без контрола од страна на полицијата и потврди дека одговорноста за тоа е кај Тошковски, кој е на чело на МВР, реагираат од СДСМ.

„Гаши ги потврди сите информации коишто ги објави СДСМ за пропустите и злоупотребите на граничниот премин Блаце и ја лоцираше одговорноста кај Тошковски. Потонати се сите обиди одговорноста да се префрли на некој раководител на смена. Рибата смрди од главата а глава на МВР е Панче Тошковски и тој мора да понесе одогорност. Ајде да видиме дали ќе охрабри сега Мицкоски да побара оставка од Тошковски? Ќе побара ли одговорност од Тошковски, ќе побара ли од било кого одоговрност за бројните скандали или ќе мјаука и понатаму во нивна заштита?“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГашиСДСМТошковски

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk