Повторното преговарање преку анекси или преку какви било промени, на „Францускиот предлог“, е невозможен, затоа што ќе бара согласност од сите 27 земји-членки на ЕУ, изјави за „Фронтлајн“ – Бугарскиот новинар и познавач на проблемот Скопје – Софија, Александар Марков.
– Тоа е невозможно. Факторите во ЕУ, вклучително и амбасадорот Дејвид Гир, постојано укажуваа дека нема да се обезбеди нова преговарачка рамка за Република Северна Македонија. Тоа е она што беше договорено во 2022 година. Бидејќи г. Мицкоски многу добро ги знае овие позиции, вистинското прашање е – дали тој всушност сака Република Северна Македонија конечно да ги започне преговорите со ЕУ или не? Во овој момент, се чини дека одговорот е не. Ова го приближува Скопје до позицијата во која е Белград во однос на интеграцијата на Србија во ЕУ. Имаат и уставни измени со задоцнет ефект, изјави Марков за „Фронтлајн“.
Во преговарачката рамка, вели тој, се наведува дека вистинските преговори почнуваат откако ќе се изгласаат овие измени.
Д. Јонузи
Прочитајте повеќе: И најдолгото патување започнува со еден чекор: Уставните измени, клучно за патот кон ЕУ