ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

И најдолгото патување започнува со еден чекор: Уставните измени, клучни за патот кон ЕУ

August 30, 2024 15:32
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски уште на почетокот на својот мандат ги разочара очекувањата на неговите гласачи (граѓаните). Најголем дел од ветувањата за државната надворешна политика, економија и социјална благосостојба, според политичките аналитичари, со кои разговараше „Фронтлајн“, се покажува дека биле алатка за изборна измама – само за да се добијат гласови.

– Лошиот старт на новата влада на Мицкоски се должи, пред сè, на лажните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања за бришење на придавката „Северна“ – односно негирањето на Преспанскиот договор кој сега, откако седнаа на Илинденска број два, и за нив јавно е реалност. И промената на Француската рамка за преговори со ЕУ кои ја ветуваа во кампањата јасно е дека е невозможна. Им служела само за привлекување гласачи, изјави за „Фронтлајн“, Ацо Кабранов – долгогодишен новинар и политички аналитичар.

Исто така, додава нашиот соговорник, и ветувањата за поголеми плати излезе дека се празни ветувања. Наставниците извисија, а оправдувањето е дека немало пари. Исто е со здравствените работници, а битката со ССНМ за покачување на минималецот на 450 евра веќе создава тензии по неуспешниот обид да го сменат лидерот на синдикатот со нивниот послушник, кој пред 7 години ја изгуби функцијата претседател на ССНМ.

– Едноставно Мицкоски ветуваше многу а уште во старт се гледа дека неможе да ги исполни, подвлече Кабранов.

Според него, најавите на Мицкоски дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата оваа есен се блеф од премиерот кој е опседнат во оцрнување на партијата на Ахмети која не е воопшто невина во долгиот периот на владеење, но не се плашило какво што секојдневно ги прави Мицкоски.

– ДУИ е меѓу ретките негови изборни ветувања кое го исполни – дека ќе ги исфрли од власт, подвлече нашиот соговорник.

Бугарскиот новинар и познавач на релациите Скопје – Софија, Александар Марков, за „Фронтлајн“ вели дека повторното преговарање преку анекси или преку какви било промени итн., на „Францускиот предлог“, е невозможен, затоа што ќе бара согласност од сите 27 земји-членки на ЕУ.

– Тоа е невозможно. Факторите во ЕУ, вклучително и амбасадорот Дејвид Гир, постојано укажуваа дека нема да се обезбеди нова преговарачка рамка за Република Северна Македонија. Тоа е она што беше договорено во 2022 година. Бидејќи г. Мицкоски многу добро ги знае знае овие позиции, вистинското прашање е – дали тој всушност сака Република Северна Македонија конечно да ги започне преговорите со ЕУ или не? Во овој момент, се чини дека одговорот е не. Ова го приближува Скопје до позицијата во која е Белград во однос на интеграцијата на Србија во ЕУ. Имаат и уставни измени со задоцнет ефект, изјави Марков за „Фронтлајн“.

Невозможно е, потенцира нашиот соговорник, затоа што во преговарачката рамка се наведува дека вистинските преговори почнуваат откако ќе се изгласаат овие измени.

– Уставните измени се навистина само една алка во сложениот синџир на аранжмани. Ако овој прв чекор е тешко да се направи веќе две години, како ќе се преземат другите? Како што велат во Кина: „И најдолгото патување започнува со еден чекор“. Зарем не е време тоа да се направи? Граѓаните на РСМ го заслужуваат тоа, вели тој.

Владата на 18 јули 2023 го достави Предлогот за уставни измени до Собранието. Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата.

Вметнувањето на Бугарите во Уставот е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-членетото Собрание.

На потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и дека целиот процес треба да се демистифицира и дека преку него нема да се изгуби идентитетот, јазикот или историјата.

Дестан Јонузи

Tags: Александар МарковАцо КабрановбугаријаУставХристијан Мицкоски
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Наполеон, Хитлер и Ардените: Руската пропаганда манипулира со историјата за да ја дискредитира украинската операција во регионот Курск, не останаа имуни ниту македонските медиуми

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk