ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

13 граѓански организации бараат измени во Законот за урбанистичко планирање

September 4, 2024 11:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 2 септември, О2 Иницијативата до пратениците во Собранието достави Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти со цел зголемено и навремено учество на јавноста, Советот на општината и со тоа намалување на ризиците од корупција.

Поддршка за предлог измените даваат следните граѓански организации: Транспаренси Интернешнл-Македонија, Go Green – биди зелен, Борба за Влае, Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Евротинк – Центар за европски стратегии, Институт за човекови права, Институт за демократија Социетас цивилис Скопје, Коалиција сите за правично судење, Македонски центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, Центар за граѓански комуникации и Центар за истражување и креирање политики.

„Врз основа на досегашното спроведување на законот се наметна потребата од промена на одредени одредби во Законот во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти со цел зголемено учество на јавноста, Советот на општината и на тој начин намалување на ризиците од корупција“, велат  граѓанските организации.

Со овој предлог на закон ќе се изврши усогласување на Законот за урбанистичко планирање со Законот за локалната самоуправа и ќе се тргне можноста укинат урбанистички план повторно да се донесе без измена, што е причина за распуштање на Советот на општината, односно град Скопје.

Со овој предлог на закон ќе се доуреди утврдувањето на урбанистичкиот план од Советот на општината, односно град Скопје.

Се предвидува со Законот да се намали ризикот од корупција при донесување на урбанистичките планови со гласање на плановите со дво третинско мнозинство Во Советот на општината, односно град Скопје.

Доколку се изгласа со овој предлог на закон ќе се зголеми отвореноста и достапноста на информацискиот систем е-урбанизам за јавноста, со цел за навремено и точно информирање за постапката и сите потребни документи за донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти.

Д. Ј.

Tags: граѓански организацииЗаконот за урбанистичко планирање
Next Post

Лукаревска за Слободен печат: Ги презедовме сите мерки за да ги заштитиме работничките права

EVN

НАЈНОВО

Фото:  X

Сè почести напади со дронови врз Москва, Кијив порачува дека тоа е одговор на инвазијата врз Украина

February 15, 2026
Фото: Скриншот

Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

February 15, 2026

Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

February 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа нов бран студ и снег: УХМР со прогноза за следните денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk