ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Со жешки меѓуетнички теми – Мицкоски и Владата може да изгорат „планини“!

September 10, 2024 10:40
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Жешките меѓуетнички теми, иако се користат за покривање на неспособноста на Владата, не се во нејзин интерес“ – вели Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој – „ИССД-Македонија“ во изјава за „Фронтлајн“.

– Како и секоја власт, за да ја прикрие неспособноста, се повикува на жешки меѓуетнички теми кои, како што е познато, не се во интерес на Македонија, ниту на новата власт. Споредено со претходните влади, може да се види дека ВМРО-ВЛЕН многу лошо пристапува кон отворените меѓуетнички прашања што може да резултираат со инциденти во иднина. Јавната омраза е зголемена, без да се вклучи и таа онлајн, каде од македонската страна се искажува нешто неевропско и нечовечко кон Албанците. Да имавме фер институции овде, ситуацијата ќе беше поинаква. Затоа, власта најде материјали за јавноста и може да ги сокрие конкретните планови за граѓаните. Можеби за време на мандатот можеме да видиме инвестиции на македонска, а не на албанска страна. И на крајот сето тоа ќе се нарече влада која работела за еден дел од македонските граѓани, додека за другите не, изјави Ибраими за „Фронтлјан“.

Според него, што се однесува до другите социјални и образовни проблеми, ќе биде уште потешко да се подобри состојбата, особено во албанскиот дел, бидејќи ниту Македонците ниту Албанците во владата не се заинтересирани да се смени нешто или да живеат заедно.

Етничката припадност е првата основа на дискриминација, а потоа политичката припадност и економскиот статус, се нагласува во истражувањето со наслов: „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Според 31% од анкетираните млади, етничката припадност е причина број еден за дискриминација меѓу младите, потоа 21% од испитаниците кои сметаат дека економската состојба е главната причина за дискриминација и 17% кои сметаат дека политичката припадност е број една од причините за дискриминација.

Во регионот на Вардар, Југозапад и Пелагонија не е избрана етничката припадност како прва основа за дискриминација. Имено, 34% од младите од Вардарскиот регион ја сметаат политичката определба како прва причина за дискриминација. Во Југозападниот регион, за 26% од младите, сексуалната ориентација е првата основа на дискриминација. Во Југоисточниот регион, религијата се појавува како прва основа за дискриминација, заедно со економскиот статус.

24% од испитаниците го избираат економскиот статус како втора основа за дискриминација, а потоа политичката припадност и инвалидитет како втора основа за дискриминација. Во овој документ се нагласува дека пријавувањето дискриминација не е вообичаено кај младите во земјава, што сигнализира недоволна свест на институциите одговорни за борба против дискриминацијата, како и недоверба во постапките за заштита од дискриминација.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поддржува младите низ сите димензии на нашата работа, опремувајќи ги со вештините кои им се потребни, давајќи им платформи да го кренат својот глас и работејќи со нив со цел да се обрне внимание на прашања кои им пречат. Гласовите на младите се важни во одржувањето на мирот и безбедноста“, изјави амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој истакна дека истражувањето ја покажува клучната важност на вклученоста на младите не само за да се вклучат нивните перспективи, туку да бидат активно ангажирани во идентификувањето и обраќањето внимание на безбедносните ризици на локално и национално ниво.

„Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот да обрнат внимание на овие прашања и да дизајнираат решенија. Ова истражува прави обид да биде повеќе од само една колекција и анализа на податоци = тоа е повик за дејствување“, додаде Вал.

Истражувањето содржи детална анализа на младинските перспективи во однос на безбедносни прашања, вклучително и насилство, сајбер-малтретирање и маргинализација. Во него се открива дека многу млади во Северна Македонија се чувствуваат исклучени од процесите на носење одлуки и дека им недостасува доверба во институционалните одговори. Наодите исто така ја истакнуваат загрижувачката распространетост на насилство кај младите, посебно помеѓу младите жени и девојчиња, подвлекувајќи ја потребата за родово сензитивен пристап при креирањето политики.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаЕтнички тензииСелим ИбраимиХристијан Мицкоски
Next Post

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk