ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судството не го добива законски утврдениот процент од државниот буџет

September 12, 2024 10:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА

Податоците на Државниот Завод за Ревизија наведуват дека Основниот суд Скопје во 2022 година работел со 20 судии помалку и веќе на крајот на 2023 година оваа бројка оди на минус 27 судии. Недостигот од судии делумно се должи на пензионирањето на судиите, чии места потоа останаа непополнети.

– На крајот на 2022 година, Основниот граѓански суд Скопје работеше со 57 судии. Во 2023 година во Основниот граѓански суд Скопје судиската функција ја извршувале вкупно 55 судии, додека во 2023 година се пензионирале 5 судии, а останаа 50 судии. Согласно законот вкупно во овој суд треба да има 77 судии, велат од ДЗР.

Како резултат на недостигот од судии, ревизорскиот извештај покажува зголемување на бројот на нерешени предмети од минатата година. Вакво зголемување е забележано и во извештајот за работата на Судскиот совет.

Основниот граѓански суд Скопје 2023 година ја започна со 18.058 нерешени предмети. Покрај зголемувањето на бројот на нерешени предмети и недостатокот на судии, Граѓанскиот суд Скопје, според ревизорите, се соочува и со недоволен број вработени во правосудната полиција. Со актот за систематизација на Основниот граѓански суд Скопје предвидени се 15 вработувања во одделението за судска полиција, а пополнети само седум.

Во Извештајот на ДЗР за 2023 година се посочува дека судството не го добива законски утврдениот процент од државниот буџет. Средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8% од бруто домашниот производ на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП и истите се за 58% помали од законски утврдениот лимит, што според ревизорите сериозно ја ограничува работата на судот.

Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.

Дестан Јонузи

Tags: БуџетВладасудство
Next Post

Кристијано Роналдо со критики за Тен Хаг од Манчестер Јунајтед

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk