Денеска се навршуваат точно шест години (16.09.2018), откако Христијан Мицкоски на протестен марш во Штип клекна на колена.
„Велат никогаш не треба лидерот да го видат на колена неговите следбеници. Но, јас имам одговор: Ако претседателот и лидерот не клекне на колена пред неговите следбеници, тогаш не ја заслужува нивната доверба“, рече тогаш Мицкоски.
Неговите политички опоненти тогаш рекоа дека Мицкоски клечел во знак на извинување од немање став за референдумот за промена на името на државата.
Пред точно шест години колената на премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, биле здрави.
Во јули оваа година премиерот Христијан Мицкоски со авион замина во САД, на Самитот на НАТО. За да го оправда патувањето во екслукзивна бизнис класа до САД, во интервју за Топ тема на Телма, Мицкоски кажа дека од Виена до Вашингтон летал во бизнис класа оти има проблем со колената и ако патува на долг лет во економска класа еден ден нема да може да функционира.
Ј. Ѓ.