Професорот Илија Ацески веќе петнаесетина години е дел од УКИМ. Тој го проучува начинот на негово функционирање. Почнувајќи од првите две дипломирани генерации по воведувањето на ЕКТС системот на универзитетот. Неговата идеја била по поминувањето на две дипломирани генерации, да се истражи ефектот од дотогашниот образовен процеси и да се осознае дали УКИМ има подобрување на квалитетот на студии.
Плод на неговите истражувања е неговиот научен труд „Универзитет на распаќе“, студија, книга за квалитетот на високото образование.
Во интервју за НоваТВ, на прашањето – Како ја оценувате актуелната состојба на УКИМ кои се моментално главните предизвици на високото образование, професорот Ацевски вели дека „квалитетот не само што не е подобрен, туку е урнисан за повеќе степени“.
„Во меѓувреме ВМРО кога дојде на власт тие почнаа процес на нагло отворање на приватни универзитети, јас верував дека ќе се создаде една конкуренција и квалитетот на студирање ќе се подобри. Процесот тргна обратно. Можам да кажам дека до тој степен се урниса квалитетот на студирање што практично денес тоа што го доживуваме е масовно студирање, делење дипломи, никаква настава… Знаете на што личи УКИМ? Тоа е една зграда која е развеана, се нишаат темелите и како да ја санираме? Дајте да купиме многу добри прозорци …“, вели Ацевски
Целото интервју ТУКА