ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пораките на Мицкоски од Брисел се кон домашната јавност, а Брисел останува на своите позиции

September 20, 2024 08:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Пораките на Мицкоски од Брисел се кон домашната јавност, а Брисел останува на своите позиции. Впрочем нив Скопје ги има прифатено.

Северна Македонија ќе напредува во евро-интеграциите според Преговарачката рамка, а ВМРО-ДПМНЕ избира дали и како (ќе) го кочи ЕУ-интегративниот процес.

Најавите на премиерот вчера беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“. Денешниот исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново.

А од акцентираната “едногласност во одлучувањето” од соговорниците, заклучокот е дека Брисел не препознал основа за промена во пристапните документи и процеси на Северна Македонија.

Со тоа, пресретнат е уште еден обид за злоупотреба на посетата во функција на партиската пасив-агресивна анти-интегративна пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

  1. Премиерот и министерот за надворешни немаа ексклузивни средба со европскиот врв, туку состаноци во рамки на спроведувањето на Планот за раст на регионот заедно со уште 5 владини делегации од регионот.
  2. Со игнорирањето на изјавите на премиерот, Брисел потврдува дека Преговарачката рамка и „Францускиот предлог“ се инструментите со кои ЕУ ги дебилатеризира разликите меѓу Скопје и Софија и ја води Северна Македонија по јасна патека кон полноправното членство.
  3. Со поведение на обврска за зависност на европскиот пат на Скопје од приволувањето на Белград кон евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ влезе во целно провоцирање на Софија. „Бидермаерот“ му се падна на партискиот потпретседател и министер Николовски. Неслучајно коинцидирајќи со средбите во Брисел.
  4. За нацијата е небитно е дали ВМРО-ДПМНЕ си ги комплицира односите со сестринската партија во Бугарија или со ЕПП, од каде потекнува и старо-новиот претседател на ЕК.

Но битно е дали „Белата Палата“ има поголема обврска кон Вучиќ или Орбан одошто кон македонскиот народ и кон нацијата на Северна Македонија.

  1. Од формирањето на кабинетите во „Илинденска 2“ и „Водно“, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Силјановска-Давкова, Муцунски, Николовски се соочија со неможноста во земјата-членка на НАТО да се расфрлаат со фиромски „патриотизам“ на контролирана конфликтност кон Бугарија, Косово, Грција и Албанија надвор и кон немакедонските етнички заедници дома.
  2. ВМРО-ДПМНЕ знае дека ПЈРМ 1994 и РСМ 2024 не се исти ниту политички ниту медиумски ниту искуствено. Оттука неговата анти-интегративна политика втемелена на проекција на чувство на „неправда“ од која Северна Македонија може да се заштити само преку Србија (Унгарија) и Русија е погубно повторување на стари грешки.
  3. Единствен расположлив за правецот на ВМРО-ДПМНЕ на држење на Скопје како логистика на фемкањето на Белград меѓу Брисел и Москва за сега остана Синодот, кој, задоволен со Томос од Белград без автокефалност од Константинопол – ја заложи Охридската Архиепископија уважувајки ја страна на Московската патријаршија во однос на Украинската православна црква. На штета на Православната црква во Северна Македонија и православните верници во земјата, мнозинството од македонскиот народ впрочем.
  4. Во вака стеснет маневарски простор и отсуство на резултати при масивен Пи-аР, единствен расположлив таргет на ВМРО-ДПМНЕ остануваат меѓуетничките односи. За почеток атакувајќи го „балансерот“.

Но, препознати како извор на „дестабилизација“, ВМРО-ДПМНЕ и Владата одеднаш се на чистина:

– Македонците не се заинтересирани за приказните на Мицкоски меѓу две задолжувања на буџетот со кинески средства со унгарска етикета и

– Албанците не се заинтересирани за политичка дестабилизација за спречување на преговорите на земјата за членство во ЕУ.

На кусо: Интересот на власта е Северна Македонија да остане регионална провинција. Целта на нацијата е земјата да стане европска по членство и перформанси.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот

 

Tags: БриселЕУИвон величковскиМицкоски
Next Post

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Скопје

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk