ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прилепскиот „Завод и музеј“ со повеќе од 10 настани ќе ги одбележи „Европските денови на културното наследство“

September 23, 2024 15:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со посета на Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во центарот на Прилеп и со претставувањето на фото изложбата „Ченто во училишните библиотеки“, прилепскиот Завод и музеј денеска ги почна активностите за „Европски денови на културното наследство“. До 4 октомври се предвидени 10-тина активности, работилници, посети на музејските поставки во рамките на Завод и музеј-Прилеп.

-Годинава е унифицирана темата, а таа е „Мрежи, патишта, врски“. На кој начин историјата да ја поврземе со сегашноста? На кој начин луѓето што живееле пред нас нѝ го оставаат наследството за да можеме да го живееме денешниот живот? Токму за ова ги организираме настаните, едукативни, за сите возрасти да ги спознаат фактите и да знаат со какво наследство ние располагаме.  А располагаме со бесценетост, од праисторијата до најновото време со современата уметност, изјави Мимоза Христоска, в.д. директор на прилепскиот Завод и музеј.

Меѓу бројните посетители во прилепскиот Меморијален музеј „11 Октомври“ беа млади-ученици со нивните професори и сите сакаат да има повеќе информации за историското минато и за културата на овие простори.

-Убаво е да има организирани екскурзии, во слободниот период пред крајот на учебната година да се  посетат археолошки локалитети за младите да научат повеќе за нас и нашата историја, или да се донесат експерти тоа да им го предочат на младите, вели Филип Стеваноски, професор по историја во прилепското средно училиште „Орде Чопела“.

Историчарот од прилепскиот Музеј, Рубинчо Белчески кој одржа предавање за значењето на првиот претседател на президиумот на АСНОМ- Методија Андонов Ченто вели дека битни се сознанијата и поголемата едукација на новите генерации за нашата богата историја.

-И Македонија, а и Прилеп имаат богата историја со која може да се гордеат. Денес им го претставуваме делото и значењето на првиот претседател на президиумот на АСНОМ- Методија Андонов – Ченто. Неговите борба, стремежи и желби за слободна и независна држава. Тоа мора да го знаат новите генерации. Ова е пригода да се зголемат сознанијата и значењето од познавањето на сопствената историја, рече Белчески.

Во прилепскиот Завод и музеј пред младите беше претставено и значењето на праисотрискиот локалитет „Врбјанска ќука“ во Прилепско.

До 4 октомври преку 10 настани и работилници ќе биде пренесено богатото културно наследство.

Tags: Европски денови на културното наследствоЗавод и музејПрилеп
Next Post

Филипче-Спиропали: Северна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk