ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проектот Александропули е доказ за визионерството на Владата на СДСМ, истакнуваат од Бихаќка

September 24, 2024 09:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули, проект во кој претходната Влада предводена од СДСМ, визионерски учествуваше од самиот почеток,  сооопштуваат од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека „со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот“.

Нагласуваат дека покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија. Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година.

– Кога Владата на СДСМ ја презеде иницијативата за овој проект ВМРО-ДПМНЕ беше против. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека  “Најавата на Владата за инвестирање во Грција е штетна од неколку аспекти и тоа: политички, финансиски и економски Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше „Намерата и постапките за инвестирање надвор од Македонија во енергетскиот сектор во овој момент, најблаго речено, се знак или за тотално неразбирање на проблематиката и економската состојба на Македонија, или намерно уништување на енергетскиот сектор“, велат од СДСМ

„Денеска се покажува дека СДСМ била во право. СДСМ е горда на својата улога во обезбедувањето на енергетската иднина на земјата и на значајниот придонес кој го направи за енергетската безбедност и економскиот развој на Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека нашата партија секогаш работи во интерес на граѓаните и на долгорочната иднина на нашата земја“, истакнуваат од СДСМ..

 

Tags: АлександропулиСДСМтечен природен гас
Next Post

Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk