ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Наместо писма ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да закаже Комисија за Законот за бранители, бара Петровска

September 24, 2024 13:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

– Поднесениот Предлог-закон е одговор на барањата за правда и правичност оттаму што не се однесуваат само на припадниците на безбедносните сили од воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес на заштитата на државата и на сите граѓани, рече Петровска.

Побара од пратениците од владејачката партија да го задолжат претседателот на Собранието да го примени Деловникот идентично како што тоа го направиле со задолжувањето со кредитот од Унгарија и да закаже седница на Комисијата за труд.

– Претседателот Гаши да постапи исто како во случајот со унгарскиот кредит… Тој тогаш го искористи деловничкото право и ја свика Комисијата за финансирање и буџет и назначи пратеник кој ќе ја води таа комисија. На тој начин постапката продолжи. Истото тоа го бараме да се примени и сега. Тврдам дека чекор назад е свикување на Комисијата бидејќи и претседателката на таа комисија јавно кажа дека нема да ја свика Комисијата. Доколку не биде постапено идентично, изјавите на првиот вицепемиер Меџити дека овој закон нема да биде донесен ќе бидат само потврда дека пратениците на ДМПНЕ се само бројка во Собранието без капацитет да ги исполнат ветувањата, рече Петровска.

Што се однесува на работата на претседателот на Собранието, Петровска рече дека пратениците од опозицијата ќе побараат Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да расправа и да утврди дали има прекршувања или погрешни толкувања и примена на Деловникот од негова страна.

За Предлог-законот што е поднесен во Собранието рече дека е со поширок обем отколку оној поднесен од Стојанче Ангелов од „Достоинство“.

– Тогаш предложениот предлог-закон поднесен на иницијатива на Достоинство, беше изготвен во мојот Кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов. Заради одлуката на Ангелов да направи предизборна коалиција со ВМРО –ДПМНЕ, тој Предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. Дури и тогаш тој Предлог-закон беше поддржан од СДСМ, рече таа.

Tags: ГашиЗакон за бранителиМицкоскиПетровска
Next Post

Мециновиќ: За да се ухлебат кадрите на ЗНАМ, Собранието сега ќе измислува нови функции

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk