ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

October 1, 2024 11:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов, за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од Македонскиот народен театар.

Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат.

За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, во режија на Насер Шатроли.

– Задоволството е големо што успешно го релизиравме и ова издание на фестивалот. Голема благодарост до сите кои го помогнаа неговото одржување, до учесниците и секако до дебарската публика, која, сите шест фестивалски вечери ја имаше во преполната сала во Центарот за култура. Останува да го опствариме нашиот долгогодишен сон, оваа значајна манифестација да биде иституцонализирана. Не знам, но, да бидам искрен, верувам дека тоа конечно ќе се оствари, рече за МИА, Илбер Нуредини, директор на фестивалот.

Одржувањето на фестивалот финансиски беше поддржан од македонското Министертво за култура со 750 илјади денари, општина Дебар со 370 илјади, како и други донатори.

Tags: Албански театар во МакедонијаЈордан Симонов
Next Post

СДСМ Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk