ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција на Иницијатива О2 до Николоски: Ветување или башибозук? Министерот е над законот и прави како што тој мисли

October 3, 2024 18:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Ветување или башибозук? Министерот Николоски е над законот и прави како што тој мисли, него законот не го интересира. Какво владеење на правото, какво справување со криминалот и корупцијата. Само чист партиски интерес, се наведува во реакцијата на Иницијатива О2 објавена на Фејсбук во која во прилог е закачен видео прилог од денешната прес-конференција на министерот за транспорт Александар Николоски.

Објавата од О2 ја пренесуваме во целост.

„На 21.08.2024 год. испративме барање до министерот за транспорт Николоски за поништување на одобрението за градење за зградата која се гради позади поликлника Букурешт во Општина Карпош, со наведени точни аргументи, цитирани закони, доставена целосна документација.

Одговор нема повеќе од 30 дена, веќе месец и пол, иако е должен да одговори согласно закон.

На прашање на новинари изјавува дека не било во негова надлежност.

Еве и вака јавнo повторно да го потсетиме дека неговото министерство со закон е овластено да врши надзор над работата на општина Карпош што го донела одобрението за градење и е второстепен орган кој согласно законот постапува, ако општината не постапи согласно законот. Општина Карпош не постапува согласно законот, па следствено неговото министерство треба да постапи. Кратко и јасно.

Дополнително, во претходно доставено слично барање до претходниот министер од редовите на СДСМ, добивме одговор дека по донесување на соодветен управен акт по наше барање од страна на општина Карпош ќе зависи понатамошното постапување на министерството. Ниту еднаш не се наведе дека не се надлежни.

Управниот акт е донесен и министерството треба да постапи, но министерот не само што не постапува согласно законските должности, туку и не доставува официјален одговор, не само нам, туку и на 63 граѓани кои исто така испратија барање до него. Ај што не се почитува законот, туку е и крајно безобразно да игнорираш барање доставено до тебе од толкав број на граѓани и здружение.

Изјавува дека стоел на ветувањето и немало да потпише ниту еден нов ДУП за Карпош, ама додека е „оваа констелација“ во Карпош. Им порачува на граѓаните на Карпош „бидете паметни и гласајте нè“, па после може да потпишувам и пак по лично убедување, а не согласно законот.

Ако некој ДУП треба да добие согласност од министерството за транспорт согласно законот, му се свиѓало тоа нему или не, должен е да даде согласност, а не уште јавно да изјавува дека додека општината ја води човек кој нему не му се свиѓа, нема да потпишува, ама кога ќе дојде негов човек, тогаш може да се носат нови ДУПови. Калифат е ова или демократска држава со закони?

Пред месец и пол дена министерот Николоски на национална телевизија се дрзна и рече дека сака да нè праша дали можеби урбаната мафија стои зад нас, поради нашата реакција и несогласување со дел од предложените измени на законот за урбанистичко планирање.

Ние сега му го поставуваме назад истото прашање, дали можеби урбаната мафија стои зад него, зошто при конкретен случај каде има надлежност да постапи и за кој се води предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, не постапува.

Јавно му порачуваме на министерот да почне да постапува согласно законот, да достави одговор до сите граѓани и нашето здружение кое му доставило барање за постапување и да престане да делува апсолутистички, туку да почне да ги почитува законите.

И да, ние сигурно ќе ги потсетиме граѓаните на следните локални избори да бидат паметни и да не гласаат партии кои не почитуваат закони.“, се наведува во реакцијата од О2.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес конференција ги презентираше, како што истакнуваат од Министерството за транспорт, наследените проблеми и проекти кои  што се реализираа во овие 100 дена од формирањето на Владата.

Со реакција на пресот од Николоски излезе и опозициската СДСМ.

Ј. Ѓ.

Tags: Александар Николоскииницијатива О2
Next Post
Фото: Museums Victoriа/ Unsplash

Школки во Вардар

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk