ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ, продолжува потрагата по исчезнатите, на терен и волонтери

October 5, 2024 09:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ
Фото: F.Z/N1

Фото: F.Z/N1

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.

Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.

Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица – 17 во Јабланица и тројца во Фојница.

Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.

Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.

Фото: F.Z/N1

Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него  треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.

Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.

Според репортерот на „N1“ кој е во Јабланица, трудница починала во село Злате откако врз неа паднало дрво. Големи штети се забележани и во селата Глогошница и Шабанчиќи, но за среќа луѓето успеале да се спасат и во текот на ноќта нашле безбедно сместување.

Екипите на цивилната заштита, вооружените сили и другите служби се на терен од седум утринава и работат на пронаоѓање на исчезнатите и откопување на урнатините.

Во текот на ноќта врнело дожд, но престанал во раните утрински часови.

Во Јабланица се повлекла водата, па уште повидлива е големината на штетите, пишува N1.

Волонтери од различни делови на Босна и Херцеговина синоќа пристигнале во Јабланица за да достават помош до загрозените граѓани, но и да им помогнат на службите во чистењето и обновувањето.

Како што соопшти новинарот од Столац, Нермин Бисе, тие пристигнале преку Руишта. Освен екипите на Столац и Меѓугорје, има и граѓани од Зеница, Високо, Столац, Меѓугорје, Маглај, Бановиќи, Сребреник, Вогошќе, Илијаш, Турција…

Преспале во спортската сала Јабланица и утринава од седум часот се подготвени да им помогнат на надлежните и граѓаните кои изгубија се во поплавите.

„Градот замолкна. Мук. Овде и таму се слуша шум. Сцените што ги гледате во научно-фантастичните филмови се блага верзија. Не можеме да се приближиме до Доња Јабланица. Сите преживеани од Д.Јабланица се евакуирани. Немам зборови. Ми снемува“, напиша синоќа Бисе кога пристигна во Јабланица, пренесува N1.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: Босна и ХерцеговинаЈабланицапоплави
Next Post

Kако функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

Најново

Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk