ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Реакција од СКРМ на писмото од Министерството за култура за неисплатените плати за август во НУ Охридско лето

October 7, 2024 10:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Синдикат на културата на Република Македонија

Фото: Синдикат на културата на Република Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), реагира на писмото од Министерството за култура за неисплатените плати за август во НУ Охридско лето.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Со Соопштение доставено до медиумите, Министерството за култура и туризам реагира на соопштението на Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) и се обидува да ги оправда своите дејствија со кои незаконски ги оневозможува вработените во НУ „Охридско лето” – Охрид да ја добијат својата плата за месец август 2024 година

Притоа, се наведува дека раководното лице на НУ „Охридско лето” – Охрид, како и вработените во установата, се должни да ги почитуваат законските прописи при остварувањето на правата од работен однос, вклучувајќи го и правото на плата, небаре тие досега не ги почитуваа законските прописи.

Од тие причини должни сме да ја информираме јавноста за погрешно прикажаната фактичка состојба и селективното цитирање на законски одредби или делови од одредбите од страна на министерството кои одат единствено во прилог на реакцијата.

Имено, како што истакнува и самото министерство, согласно член 8 став 4 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, Раководното лице на буџетскиот корисник и единката корисник е одговорно дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон.

Раководно лице на буџетскиот корисник е министерот за култура и туризам, а раководно лице на единката корисник е овластеното лице на установата. Раководното лице на единската корисник, односно директорот на установата, ја води работата на установата и одговара за материјално-финансиското работење и за законитоста и економичноста на нејзината работа.

Меѓу останатото, директорот на НУ “Охридско лето” – Охрид е одговорен за организирање и одржување на фестивалот “Охридско лето”, кој годинава го доживеа своето 64. издание. Организирањето и одржувањето на фестивалот низ сите овие години воопшто немаше да биде можно без огромните заложби на одговорните лица на установата и вработените во установата. Примери дека оваа манифестација успешно се организира и промовира различни култури има многу, за што се доделувани и разни признанија и награди, како што е одликувањето на една од директорите со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ од страна на Претседателот на Република Италија и Признанието за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија, доделено од страна на САД.

Впрочем, и самиот министер на свеченото отворање на 64. издадние на фестивалот ќе го изрази своето воодушевување велејќи дека градот Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој со децении се испреплетуваат илјадници културни збиднувања, како и дека тие се најдобра потврда за нашиот чекор со актуелните европски и светски трендови, кои подразбираат континуитет на квалитетна продукција и интензивна творечка енергија што уметниците ја разменуваат со публиката. Меѓутоа, сега, кога трудот на вработените за одржувањето “чекор со актуелните и светски трендови” треба да биде валоризиран и соодветно исплатен, се даваат разноразни соопштенија и известувања зошто вработените не ја заслужуваат и не треба да ја добијат својата плата. Како тоа да не е доволно, па се упатуваат закани со инспекции и инспекторати поради непочитување на одредени законски одредби и се вршат уцени за прифаќање парични износи кои воопшто не соодветствуваат со сработеното, со единствена цел вработените да отстапат од своето заслужено право на плата.

По однос на заканите со инспекции и инспекторати поради наводното непочитување на член 21 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, сакаме да истакнеме дека согласно оваа одредба вработените во буџетските корисници и единките корисници правото на додаток на плата за прекувремена работа, првенствено го остваруваат преку користење слободни часови односно денови, колку што биле ангажирани за работата надвор од редовното работно време, а не и задолжително.

Понатаму, со член 69 став 1 од Колективниот договор за културата, е определено дека работникот има право на додаток на плата за ноќна работа; работа во смени; работа за време на неделен одмор; работа за време на празници утврдени co закон и работа подолго од полното работно време.

Согласно член 69 став 5 од Колективниот договор за културата, работникот кој бил ангажиран да работи согласно co условите од став 1 алинеи 3, 4 и 5 на овој член има право на онолку слободни часови односно денови колку што бил ангажиран за работа надвор од редовното работно време.

Согласно член 69 став 6 од Колективниот договор за културата, слободните часови, односно денови во тековниот месец работникот ги користи до крајот на наредниот месец, по месецот во кој бил ангажиран, а согласно ставот 7, доколку на работникот не му се обезбеди користење на слободни часови, односно денови согласно co став 6 на овој член, му се исплатува додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата, пресметана по час.

Со оглед на тоа што прекувремените часови кои се влезени во пресметката за месец август 2024 година се обработени во месец август и за истите на вработените не им се обезбедило користење на слободни денови во текот на наредниот месец, односно во месец септември, јасно е дека директорката на установата правилно ја има изготвено пресметката за плата, односно има доставено барање за исплата на додаток на плата и додаток на плата за работа во ден на празник и неработен ден согласно став 7 и 9 од член 69 од Колективниот договор за културата.

Во својата реакција министерството наведува дека за непочитување на законските прописи од страна на министерството се преземени повеќе дејствија и тоа информирано е Министерството за финансии – Сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор, Државниот инспекторат за труд на РСМ и Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за сторените неправилности во пресметката на плата за вработените во НУ “Охридско лето” – Охрид за месеците јуни, јули и август 2024 година.

Притоа, министерството свесно избегнува да соопшти дека Државниот инспекторат за труд на РСМ веќе има извршено инспекциски надзор во установата и со Решение ИП1 бр. 09-403/1 од 19.07.2024 година го има задолжено работодавачот – НУ “Охридско лето” – Охрид и Министерството за култура и туризам да извршат исплата на платата за месец јуни 2024 година.

Грижата на министерството за вработените НУ “Охридско лето” – Охрид и предлогот да биде изготвена пресметка на плата за месец август 2024 година без додатоци, најостро го осудуваме и го сметаме за директно кршење на правата од работен однос бидејќи општопознато е дека согласно член 105 став 1 од Законот за работните односи, работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, а согласно ставот 3, платата е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоците на плата.

Оттука, вработените имаат законско право да ја добијат основната плата, како и додатоците на плата, и ова право не може и не смее да биде предмет на пазарења.

Со оглед на тоа дека од целокупната содржина на соопштениете приизлегува дека министерството ги презема сите мерки за вработените да не ја добијат својата плата, иако одамна е изминат законскиот рок за исплата, и ги упатува вработените да отпочнат судски постапки пред надлежен граѓански суд, сакаме јасно да ставиме до знаење дека вработените се подготвени своето право да го остваруваат и пред надлежниот граѓански суд доколку биде потребно. А дали министерот и сите останати кочничари се подготвени да сносат одговорност за повредата на правата од работен однос е нешто на што тие треба допрва да одговорат“, се наведува во соопштрението на Синдикат на културата на Република Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Министерство за КултураСКРМ

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Најголем руски напад со дронови врз Украина од почетокот на војната, убиена жена, повредено четиригодишно дете

May 18, 2025

Дваесет и седумгодишник возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

May 18, 2025

АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk