ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Првичните анализи кажуваат дека цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти

October 8, 2024 12:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економија и труд во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, порача денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши и додаде дека од почетокот на неговиот мандат континуирано се носат одлуки за поддршка на бизнисот и на граѓаните.

– Посветено работевме овие 100 изминати дена во интерес на подобрувањето на деловната клима за компаниите и за намалувањето на трошоците за граѓаните. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните ја започнавме акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“. Прво, ги намаливме маржите на трговија на големо и трговија на мало на училишниот прибор, со што се намалија трошоците за домаќинствата, посебно за оние кои имаат ученици. Потоа со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10 проценти и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 основни прехранбени производи, рече Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Оваа мерка, додаде, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.

– Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите, посочи Дурмиши.

Со тоа, како што кажа, едно четиричлено семејство, на месечно ниво би имало заштедата од 690 ден до 1.360 денари во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите.

– Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец, потенцира Дурмиши.

Потсети дека во делот на поддршката на туризмот, на работниците со ниски приходи доделени им се 1.777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за да можат да летуваат во некои од домашните туристички центри. Во областа на бизнисот, додаде, Министерството за економија и труд обезбеди финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари.

– Преку програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, во висина од 32 милиони денари, објавени се три јавни повици. Од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени се 80 милиони денари за поддршка на бизнисот, а објавени се пет јавни повици, појасни Дурмиши и додаде дека досега се стигнати 257 апликации по сите јавни повици иако дел од нив се уште се во тек.

Работиме, потенцира, и на подобрување на условите на странските инвеститори.

– Министерството за економија и труд ја предаде употребната дозвола за фабриката на германската компанија КИЕЛ во индустриската зона во Тетово. Инвестиција која ќе отвори над 300 работни места во Полошкиот регион. Работиме на измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што ќе се подобрат условите за работа и на домашните и на странските инвеститори. Сите одлуки и мерки ги носиме во консултација со бизнис секторот и со синдикатите, рече Дурмиши.

За многу кратко време очекува да се одржи првата седница на Економско социјалниот совет каде што ќе се разгледаат сите отворени прашања и од страна на работодавачите и од страна на синдикатите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Next Post

Касами: Уставните измени ќе се донесат, чекаме јасен план за евроинтеграциите

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk