ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Берово единствена општина која има сеопфатна отвореност на буџетскиот процес

October 10, 2024 13:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Општина Берово

Фото: Општина Берово

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, денеска го презентираше извештајот за Индексот на отвореност на општините за 2023 година ширум земјава, кој ја прикажува актуелната состојба на транспарентноста, правичноста и отчетноста во буџетските процеси на општините.

Како што информираше извршниот директор на ЗМАИ Виктор Митевски, Општина Берово е единствената општина која има сеопфатна отвореност на буџетскиот процес, што е прв случај откако е воспоставен индексот, но сепак, како што рече, најголемиот дел од општините покажуваат минимална, односно недоволна отвореност на буџетските процеси.

– Генерално како земја имаме подобрување во континуитет сите четири години од кога го мериме Индексот, но она што е интересно и важно да се напомене е дека оваа година за првпат имаме општина која што постигна сеопфатна отвореност, односно општината успеала да има постигнување над 80 индексни поени или во просек во сите три области кои ги мериме – транспарентност, отчетност и правичност. Општина Берово е единствената општина, која за првпат од кога го имаме воспоставено индексот обезбедува сеопфатна отвореност, истакна Митевски.

Според извештајот на ЗМАИ, транспарентноста и отчетноста во просек се на доволно ниво, но тоа не е случај со вклученоста на граѓаните и правичноста на општините.

Митевски посочи дека дури 68 отсто од општините имаат недоволна вклученост и правичност, а повеќе од половина, односно 53 отсто имаат доволна отчетност, додека пак, 41 отсто од општините имаат доволна транспарентност.

Позитивно е, додаде, дека има напредок на ниво на сите измерени димензии, но сепак, вели, напредокот не е доволен. Митевски нагласи дека потребно е граѓаните да го гледаат Буџетот како свој и нивните барања да бидат поддржани од општините.

– Она што секогаш нѐ изненадува е ниското ниво на вклученост и правичност во буџетскиот процес на општините. Потребно е граѓаните да го гледаат Буџетот како свој, а општините да им дадат простор да ги кажат своите барања и да ги поддржат проектите. Ваквите истражувања прават притисок на општините за позитивен натпревар, секое мерење ги поттикнува општините да бидат подобри, додаде Митевски.

Tags: БеровоВиктор МитевскиЗМАИПекевски
Next Post

Реал Мадрид ги има најскапите играчи во светот, во топ 3 се Манчестер Сити и Челси

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk