Во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври загинаа најмалку 41.800 Палестинци, а беа повредени 97.886, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
View this post on Instagram
Најмалку 55 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, се вели во соопштението на Министерството, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас.
Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. Во нападот, стотици Израелци беа убиени, а многу луѓе беа земени како заложници и однесени во Газа.





