ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши вели владејачкото мнозинство е подготвено веднаш да ги вметне Бугарите во Уставот, но бара предвидливост на процесот

October 18, 2024 20:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши од Берлин порача дека владејачкото мнозинство е подготвено веднаш да ги вметне Бугарите во Уставот, но бара предвидливост на процесот.

– Немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но очекуваме гаранции дека веднаш потоа нема да има следен услов, изјави Гаши за Дојче веле, посочувајќи дека во владата нема дилема дека треба да се продолжи европскиот пат на земјата што побрзо.

Откако Албанија изминатата недела и формално ги започна преговорите за членство во ЕУ, Гаши вели дека и официјално Скопје сака процесот да продолжи што побрзо.

– Знаете дека блокадата од Бугарија се однесува на историски и идентитетски прашања. Ние и денеска во СР Германија сме дојдени токму поради таа тема. Сакаме што побргу да се одблокира тој процес. Ние сме подготвени Бугарите во Уставот да ги вметнеме веднаш. Мислам дека имаме целосен или поконкретно голем консензус околу тоа дека немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот. Но, нашиот проблем е со предвидливоста на процесот, и гаранциите дека веднаш после тоа ќе нема следно прашање или следен услов кој се однесува на историски и идентитетски прашања кои мислиме дека се тешко решливи на политичките маси на преговарање, изјави Гаши.

За предложеното посредништво од унгарскиот премиер Виктор Орбан што Бугарија го одби и дали Германија би можела да се вклучи како олеснувач, претседателот Собранието истакнува дека Скопје и Софија имаат капацитет да се договорат, но оти е добредојдена секаква помош.

– Ние мислиме дека како две соседни држави имаме капацитет да седнеме и да се договориме, но секако, секаква помош е добредојдена за нас. Ние не ги бираме пријателите кои сакаат да ни помогнат, за нас е битно процесот на евроинтеграција да продолжи што побргу, и што побрзо да станеме членка на ЕУ, вели Гаши.

Нагласува дека владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди е единствена во однос на приближувањето кон ЕУ и работи интензивно да се одблокира процесот.

– Што се однесува до идентитетската компонента, иако тоа не ги тангира Албанците, добро е што не само Албанците, туку сите граѓаните на државата без оглед на етничката припадност, сите заедно стоиме во одбрана на македонскиот идентитет и затоа мислиме дека овој процес треба да продолжи и Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ, изјави Гаши за ДВ.

Претседателот на Собрането Африм Гаши во Берлин се сретна со претседателката на германскиот Бундестаг, Барбел Бас, со пратеници и претседателите на парламентарните комисии, Михаел Рот, Антон Хофрајмер и Дирк Фопел, како и со министерката за Европа во германското МНР, Ања Лирман

Tags: ГашиЕУуставни измени
Next Post

Панкс Бекјард Ултра - атлетска трка на издржливост, сила и волја кај Негорски бањи

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk