ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Јавното обвинителство по 9 месеци одлучи дека заканата со „куршум“ за Дерала е „новинарско препукување“, продолжија повиците за „метак у глава“

October 22, 2024 12:48
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Има ли некој да му стави метал на Дерала?“, гласи коментарот со повик за насилство на очигледно лажниот профил со името „Мирослава Симоновска“ на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, под текстот „Унгарија влегува во Северна Македонија со телекомуникациите преку 4iG Групацијата“.

Веројатно направила печатна грешка и мислеше на метак наместо метал, со оглед дека буквите К – Л се една до друга во азбуката и на тастатурата.

Како и да е, физичко насилство или убиство се извршува и со метак и со метал.

Фејсбук профилот Мирослава Симоновска нема никакви информации, односно може да се заклучи дека се работи за лажен профил кој има наменска улога.

Лажен профил или не, Министерството за внатрешни работи односно Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика имаат обврска да ги следат овие состојби и да постапуваат според законските прописи. Истото се однесува и на обвинителството.

Ова не е прва закана кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. „Метак у глава“, „народен суд“ и „стрелање“ се редовен репертоар на изразите на омраза и повиците за ликвидација против „тие од Цивил“ и лично против Дерала и во изминатиот период.

„Во овие услови само за метак у глава на Дерала може да се говори“, пишува „Маја Вркљовик“.

„Тие од Цивил треба пред народен партизански суд како во 1945 да бидат извадени. Тие се грко-балистички северџани, само доживотен затвор за предавниците“, коментира „Тони Моневски“.

Фејсбук страницата Кичево објави колаж од „предавниците“ со пораката „Сите ќе ве стреламе“ на 25 февруари 2024 година

Без оглед на тоа дали се работи за текст што е потпишан од Дерала или од некој друг, или се работи за вест преземена од агенциските тикери – говорот на омраза и повиците за ликвидација сеедно се насочуваат против Цивил и нејзиниот најистурен претставник, Џабир Дерала.  

Основното јавно обвинителство (ОЈО) дури по девет месеци (на 17.09.2024, а одлуката кај нас стигна на 8 октомври 2024) од пријавата поднесена (на 24.01.2024 година), оцени дека заканувачката порака „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“ од профилот со назив „Александар Антиќ“, односно Александар Петровски, упатена кон Џабир Дерала, за колумната „Снајперисти со врзани очи“, било „новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот Дерала“.

Скен од одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Правниот тим на ЦИВИЛ констатира дека нејасно е како – и врз основа на што – јавниот обвинител заклучил дека станува збор за „новинарско препукување“, особено што не е утврдено дали лицето Александар Антиќ е новинар или не. Исто така, јавниот обвинител можел и требалo по службена должност да обезбеди докази за точната ИП адреса од каде е ставен коментарот, а не тоа „недостигот на докази за точната ИП адреса од каде е ставен коментарот“ да биде причина за непостапување на јавниот обвинител.

ЗНМ и другите новинарски здруженија молчат. Молчат и организациите за човекови права кои со години спроведуваат проекти за мониторинг на говорот на омраза. Од друга страна, ЦИВИЛ е секогаш тука да излезе во одбрана на сите што се засегнати со ова зло во јавниот дискурс.ЦДМТ

Преземено: Цивил Медиа

Tags: говор на омразаегзекуцијазаканиЈавно обвинителствоМВР
Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

Како приказните за „северџани“ сега стануваат брилијантно ремек дело за Мицкоски?

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk