ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе се сопне ли ВМРО-ДПМНЕ на предлогот од СДСМ за законот за покачување на минималната плата

October 22, 2024 13:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
плата, кошничка, работнички живот
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја објави висината на Синдикалната минимална кошница за октомври. Вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека СДСМ поднесува Закон за покачување на минималната плата на 27.700 денари.

„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, рече Филипче.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Законот за зголемување на минималната плата поднесен од СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да го поддржи предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Како што информираше пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција во Собранието, предлогот нема да го поддржат од повеќе причини.

На овие теми и денеска, партиски препукувања со изјави и прес-конференции помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

= СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка предвидуваме минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.

Нашите сограѓани, истакна Тренчевска, секојдневно се соочуваат со се поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај.

„Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно. Жалиме што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша потребите на народот“, наведе Тренчевска.

Мерките на Владата немаат ефект – ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка, прашуваат СДСМ.

– На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на Владата, реагираат од СДСМ.

Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната синдикална кошничка за месец октомври изнесува 61.249 денари, односно во споредба со минатиот месец разликата е само 57 денари, прашуваат од СДСМ.

– Ова е најголема потврда на она што граѓаните веќе го знаат, мерките на Владата за намалување на цените немаат никаков ефект, воопшто не се намалени цените на производите. Го повикуваме пратеникот Бојан Стојановски сега да излезе пред граѓаните, да признае дека мерките на Владата на Мицкоски се погрешни, без резултат и да го поддржи Законот за минимална плата предложен од СДСМ. Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно, се наведува во соопштението од СДСМ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, денеска пак, изјави дека во новиот буџет за 2025 година ќе има многу позитивни изненадувања за сите работници.

„Додека пратеничката Тренчевска држеше прес конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она која што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се аплицира тоа кој што е кажано во собранието. Она која што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат“, истакна меѓудругото Стојановски.

Тоа што е нашата порака до нив, рече Стојановски, е исто дека во наредниот период ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година, таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст, а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста.

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари, велат од ССМ.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57 денари, истакнуваат ССМ.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕминимална платаСДСМсиндикална кошница

НАЈНОВО

Белград, протести. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Украински дронови уништија три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана на аеродромот во Крим

June 28, 2025

Над 69.000 пријавени дека бараат работа во Албанија, а во шпицот на туристичка сезона недостигаат 20.000 работници

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk