ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски за намалувањето на цените: Математички ако гледаме е повеќе од нула, подобро да има намалување, отколку зголемување

October 26, 2024 15:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

За мерката „есенска потрошувачка кошничка“ и за реакциите дека намалувањето на цените на прехранбените производи е минимално, Мицкоски рече дека е подобро да има намалување, отколку зголемување.

– Математички ако гледаме е повеќе од нула, а е подобро да е намалено, отколку да е зголемено, како што беше случајот до пред неколку месеци. Замислете што се случува во овие четири месеци од оваа Влада. Платите повторно растат со истата динамика, како што растеа и претходно со таа разлика што сега Народната банка двапати ја намалува референтната каматна стапка, а инфлацијата се движи на ниво меѓу 2 и 2,5 проценти, нешто што беше мисловна именка за претходната Влада, бидејќи бевме рекордери во инфлација во Европа, имавме инфлација над 20 проценти, рече Мицкоски.

Според него, охрабрувачки индикатор е што имаме раст на платите, а инфлацијата е за десет пати намалена.

– Дали е доволно? Не е, ќе работиме за уште повеќе, следниот месец да биде 1.500, па 2.000 итн, се додека не бидеме сите задоволни, истакна Мицкоски при денешната посета на Општина Аеродром.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска истакна дека „намалувањето на маржите е голема измама на Мицкоски кој ги штити трговците.

По само неколку недели од воведувањето, анализите покажуваат дека владината мерка за намалување на цените на основните производи е целосно неефективна. Голем дел од цените не се намалени, некои се намалени минимално, а за некои производи цените дури и се зголемени, рече Кузеска на денешната прес-конференција.

Оваа мерка, вели Кузеска, се покажа како голема измама на Владата, која очигледно ги штити трговците, а не граѓаните. Според реалните теренски анализи, освен ПР кампањата на Владата со налепници „загарантирана цена“ во маркетите, ништо друго не се променило.

Ј. Ѓ.

 

 

Tags: ВладамеркиМицкоскинамалување на цени
Next Post

Иран соопшти дека има право и должност да се брани по израелските напади

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk