ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН СЦЕНА

Заврши „Макфест 2024“, во Штип беа промовирани 28 нови композиции

October 27, 2024 15:33
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши 39. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беа промовирани 28 нови композиции. Во рамки на двете фестивалски вечери беа испеани 13 песни од дебитанти, од кои синоќа публиката слушна пет песни.

– Втората вечер слушнавме вкупно 20 композиции. Целиот фестивал беше придружуван од оркестар во живо, и музиката и интерпретацијата на пејачите и групите беше во живо. Оркестарот дополнително свираше врз матрица. Синоќа ја доделивме и наградата за најслушната композиција меѓу двата фестивала, тоа е песната „Сафир“ на Таско и Малена, изјави продуцентот на фестивалот Алексадар Арсовски.

Тој за МИА додава дека е задоволен како годинава изгледаше и помина 39. издание на „Макфест“. Вели дека по веднаш по завршувањето на 39. издание, почнуваат со планови и подготовки за 40-тото јубилејно издание на Фестивалот. Открива дека како организатори планираат наредната година во чест на големиот јубилеј на фестивалот да има три фестивалски вечери, од кои две како годинава, а на третата ќе бидат изведени околу 20 макфестовски евергирани.

Синоќа на сцената можеа да се видат и познатите македонски пејачи и пејачки, со новите макфестовски хитови, како што се Дарио, Елена Ристеска, Дани Димитровска, Полина, Павле Камиловски и други познати интерпретатори, а беспрекорни беа и водителите Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.

Фестивалот „Макфест“ финансиски е поддржан од Општина Штип и општествено- одговорни компании во висина од пет милиони денари, а од Министерството за културата и туризам финансиската помош е еден милион денари.

Tags: Макфест
Next Post

Мицкоски тврди дека директорот на АНБ Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk