ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ФОТО) Различни животи – Харис и Трамп какви што не сте ги виделе досега

November 1, 2024 13:23
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За време на изборната кампања, американските гласачи се бомбардирани со слики од двајцата кандидати – како зборуваат од подиумите, ги поздравуваат гласачите на митинзите, се симнуваат од авионските скали…

Во прилог една поинаква визуелна перспектива за тоа кои се, како и од каде дошле на политичката сцена Камала Харис и Доналд Трамп.

Многу пред да знаат што е Белата куќа… Камала Харис и Доналд Трамп се сликани двајцата на тригодишна возраст.

Со децении разлика, демократскиот претседателски кандидат Харис ги помина своите рани години во Оукленд, Калифорнија, а републиканскиот кандидат Трамп беше израснат во њујоршкиот кварт Квинс.

Харис (лево на сликата подолу) и нејзината сестра Маја (во средината) првенствено биле воспитани од нивната индиска мајка, Шјамала Гопалан Харис, истражувач за рак и социјален активист.

Таткото на Трамп, Фред Трамп, бил син на германски имигранти, а неговата мајка Мери Ен Меклеод Трамп е родена во Шкотска. Го запишале Доналд на Воената академија во Њујорк на 13 години.

Харис поминала пет години во средно училиште во Монтреал, Канада, каде што нејзината мајка почнала професорска работа на Универзитетот Мекгил. Подоцна се запишала на Универзитетот Хауард во Вашингтон.

Трамп рече дека неговите пет години на академијата, кои започнаа во 1959 година, му дадоа воена обука и му помогнаа да ги обликува неговите лидерски вештини. Четири пати добива одложување од служење во Виетнамската војна од академски причини, и еднаш поради болест.

Од рана возраст, мајка ѝ Херис ја подучувала за важноста на движењето за граѓански права и присуствувала на годишниот Марш на слободата на Мартин Лутер Кинг Џуниор во Вашингтон во 2004 година.

Откако се здобил со диплома од Вартон школата на Универзитетот во Пенсилванија, Трамп станал фаворит што ќе го наследи својот татко на чело на семејниот бизнис.

Харис се вратила во Калифорнија, каде што брзо се искачи на врвот на системот на кривичната правда во државата – преземајќи работа како Државен обвинител – и го искористи тој момент за да оствари успешна трка за американскиот Сенат во 2016 година.

Во исто време кога таа влезе во Конгресот, Трамп за првпат влезе во Белата куќа, откако го запрепасти светот и ја порази Хилари Клинтон во претседателската трка.

Три години подоцна Камала Харис беше избрана од Џо Бајден за кандидат за потпретседател. Тие се покажаа како добитен тикет, победувајќи ги Доналд Трамп и Мајк Пенс.

Харис стана главна протагонистка на про-движењата за слобода на избор кога станува збор за абортусот, додека Трамп беше тој што го направи Врховниот суд поконзервативен, отворајќи го патот за пресудата за абортус.

Трам како претседател ги извади САД од Парискиот климатски договор и презеде чекори за намалување на имиграцијата.

Дебитантската меѓународна посета на Харис како потпретседател беше на Гватемала во 2021 година, како дел од одговорноста што и беше дадена да го намали бројот на мигранти од Латинска Америка кои стигнуваат до јужната граница на Америка со Мексико.

Надворешнополитичките прашања кои доминираа во нејзиното време на функција ги вклучуваат војните во Украина и Газа, како и хаотичното повлекување на американските трупи од Авганистан.

Првата посета на Трамп во странство како претседател беше на Саудиска Арабија во 2017 година. Трамп се залага за изолационистички политики кои вклучуваат одвојување на неговата земја од странски конфликти и промовирање на американската индустрија.

Харис е сопруга нз Даг Емхоф (на сликата подолу), кој редовно води кампањи во нејзино име. Таа е маќеа – или „Момала“, како што вели – на децата на Емхоф од првиот брак, Кол (лево) и Ела (десно).

Различни членови на семејството на Доналд Трамп играа улоги во неговата политичка кариера, иако настапите во кампањата во 2024 година на неговата сопруга, поранешната прва дама Меланија Трамп, беа ограничени.

Со својата прва сопруга Ивана, Трамп имаше три деца: Доналд Џуниор (втор од лево на горната слика), Иванка (втора од десно) и Ерик (десно). Тој има ќерка, Тифани (лево), со неговата втора сопруга Марла Мејплс. Трамп се ожени со третата сопруга Меланија во 2005 година, со која има еден син, Барон.

Харис влезе во претседателската трка во 2024 година релативно доцна во процесот, заменувајќи го Џо Бајден кој се повлече.

Таа влезе во историјата како првата црна и азиско-американска жена што го предводи претседателскиот билет на една голема партија, а потоа одржа говор на Демократската национална конвенција во Чикаго, Илиноис.

На истите избори, Доналд Трамп доби трета претседателска номинација од неговата партија. Тој зборуваше на републиканската национална конвенција во Милвоки, Висконсин – носејќи преврзано уво откако преживеа обид за атентат за време на кампањата.

Избор и едитирање на фотографии Phil Coomes / Би-Би-Си.

Извор: Би-Би-Си.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: Доналд ТрампКамала Харис
Next Post

Извештај на ЕК: Здравството во Северна Македонија еден од најголемите корисници на буџетот - инспекциските служби ранливи на корупција

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk