Украинските сили за противвоздушна одбрана ги пресретнале сите беспилотни летала со кои Русија го нападна Кијив ноќеска, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на украински официјални лица.
Градската воена управа на Кијив соопшти дека остатоци од пресретнати дронови паднале во две области на главниот град на Украина.
Повеќето руски беспилотни летала пристигнале од североисток, приближувајќи се кон Кијив од различни страни.
Во текот на ноќта двапати беше прогласена воздушна тревога, која траеше вкупно пет и пол часа.
Во квартот Шевченко во Кијив, остатоците од соборените дронови ја оштетија површината на патот, уличното осветлување и инфраструктурата за пренос на електрична енергија. Најмалку пет згради имале скршени прозорци и врати од ударниот бран.
Нема информации за повредени.