ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Популизам, национализам и политичка корупција: Формулата на Мицкоски

November 5, 2024 12:01
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски, сепак, ги исполнува ветувањата кон своите гласачи – но на свој начин. Тие ветувања се потпираат на три столба: популизам, национализам и политичка корупција. Тоа е состојба во која структурите што се вооружени со лостовите на власта, ја користат својата политичка моќ и контролата врз институциите за да се одржат и понатаму на власт, а секако да го подобрат својот статус и да го зголемат своето богатство.

За да ги спроведе своите цели, власта располага со сите неопходни ресурси и без речиси никакви пречки, практично неограничено: контрола врз медиумите, послушен коалициски партнер – коалиција од четири албански политички партии, опортунистичкото ДУИ, кое само чека шанса „скапо да се продаде“ и да се вклучи во владејачката структура, големиот бизнис и Стопанската комора, поддршка од МАНУ и голем дел од професорскиот кадар на универзитетите, покорни синдикати, лојална администрација и полиција, и армија од послушници во сите останати сектори.

Буџетот од 6,5 милијарди евра за 2025 година, рекорден во историјата на земјата, му нуди услови за систематска политичка корупција во сите клучни социоекономски, политички и општествени сектори. Пари нема, но е повеќе од јасно дека ќе ги обезбеди од места каде што никој нема да бара трошењето да биде положено на граѓанска контрола. Сѐ уште ужива наклонетост, ако не и поддршка, барем од дел од дипломатскиот кор во земјата, а останатите ќе го толерираат уште долго. ЕУ, по сѐ изгледа, сѐ уште верува дека Мицкоски ќе ги исполни ветувањата што ги даваше по амбасадите во текот на изминатите години, како да не гледаше како на јавната сцена непрекинато сееше омраза и поделби.

Парите и национализмот – кои тој и неговите најблиски политички сојузници најавтентично ги користат – му овозможуваат целосен маневарски простор. И сево ова е само почеток, без да ги споменеме сите оние од кои со години добиваше и може комотно да очекува сестрана поддршка: Вучиќ, Орбан, Путин, и други. Оваа добитна комбинација лесно може да му обезбеди победа на секои наредни избори, практично, во недоглед.

Не е исклучено да се соочиме со серија од предвремени избори, како во времето на Груевски. Тоа е веќе испробан рецепт за долговечност на еден режим, кој гледаме дека редовно го користат и други авторитарни властодршци во регионот и пошироко. За предвремени избори има услови веќе во октомври идната, 2025 година, заедно со локалните избори, а добар изговор за тоа му даваат и дел од неговите коалициски партнери, а и релевантната опозиција. Во меѓувреме, може да си игра со Лего коцкички, да се богати себе си и партијата, да прави реконструкции на владата, да ротира ресори и коалициски партнери. За секој проблем или неуспех, вината ќе ја префрлува на „предавниците“, на кои, како што вети од говорницата во Собранието, „ќе им влеземе и ќе им ставиме лисици“.

Мицкоски е типичен авторитарен властодржец. За него се добредојдени кризни состојби, поларизација и тензии. Етничките тензии и национализмот се основно гориво за ваква власт.

Единствениот начин да се спречи тонењето на земјата во авторитаризам и свртување кон Истокот е преку активирање на прогресивните елементи во општеството, кои искрено, отворено и бескомпромисно ќе му се спротивстават на авторитаризмот и национализмот. Наместо кокетирање со националистички популизам и ситни политички профити, што само ги зајакнува поларизацијата и кризите, на земјата ѝ се потребни конкретни акции и единство, вистинска борба за демократски вредности, а не шминкерај и енџиовски снобизам и опортунизам. Тој пристап има шанси, на средни и долги патеки, да ја зајакне демократијата, па дури и да ги принуди институциите и власта на „компромиси“ што ќе ја одржат Северна Македонија на европскиот курс и, барем минимум, демократски практики и почитување на човековите права и слободи.

Тоа е. Сè друго е само илузија и луксуз кој општеството веќе одамна не може да си го дозволи, а во кој уживаше во време кога требаше да се негуваат и зацврстуваат демократските вредности.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа
Next Post

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk