ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Канцеларијата на израелскиот премиер потврди дека Нетанјаху ги одобрил нападите со пејџери врз „Хезболах“

November 11, 2024 13:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на израелскиот премиер денеска соопшти дека Бенјамин Нетанјаху ги одобрил нападите со пејџери, кои зададоа смртоносен удар врз поддржаната од Иран либанска шиитска групација „Хезболах“.

Израелската армија, која води трансгранични борби со „Хезболах“ од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, првично одби да одговара на прашања за експлозиите.

На 17 септември илјадници пејџери се активираа истовремено во јужните предградија на Бејрут и други бастиони на „Хезболах“. Во повеќето случаи, уредите експлодирале по активирање на звучен сигнал за дојдовна порака. Претставник на либанската групација го нарече инцидентот „најголемото безбедносно нарушување“ за „Хезболах“ од почетокот на конфликтот со Израел.

Меѓу настраданите, кои брзо ги преполнија болниците, имаше многумина со повреди на очите, откинати прсти или големи рани во пределот на стомакот.

Во нападот со пејџери и последователните експлозии на токи-воки уреди наредниот ден, загинаа вкупно 39 лица, а повредени беа над 3400 лица.

Израелските медиуми објавија дека Нетанјаху ја презел одговорноста за нападот на седница на кабинетот. Според нив, тој им изјавил на министрите дека високопоставени одбранбени службеници и политички фигури се спротивставиле на нападот со пејџери, но тоа не го поколебало во спроведувањето на операцијата.

По нападот со пејџери, Израел изврши воздушен удар во кој го уби лидерот на „Хезболах“, Хасан Насрала, а подоцна започна и копнени операции во Јужен Либан.

Next Post

Велешкиот театар со две награди на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk