ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јон Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања

November 11, 2024 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократите и левите либерали треба да ја напуштат како погрешна слепата верба во технолошкиот напредок, како автоматски пат кон еманципација на индивидуата и ослободување на општеството во целина. Тоа е тешка задача, но неопходна за релативизирање на модернистичката парадигма за автоматскиот напредок, рече Јон Фрчкоски, директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, на конференцијата организирана од ФЕС, во Подгорица, Црна Гора, пренесува СДСМ.

„Социјалдемократијата треба да научи дека национализмот не одумира со напредокот и глобализацијата. Тој треба да се зацврсти и засили како единствен одговор на слепиот глобализам, како сигурна заштита од отворањето на нациите и државите, кое буди страв од иднината и заштитата на културниот идентитет. Социјалдемократијата треба да пронајде приемчив проект на валидација на националната култура и отворањето, кое не е десничарско, но сериозно ги разбира и создава простор за развој на националните партикуларни култури“, рече Фрчкоски.

Тој на конференцијата во Подгорица потенцираше дека социјалдемократијата треба да пронајде начин да докаже дека со отворањето и регионална и глобална солидарност, националниот спецификум не се губи, ниту загрозува, туку може да се зацврсти и да добие на самодоверба.

„Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања. Бидејќи најголем дел од идните политички борби се борби во контекст на културата и нејзините избори. Социјалдемократијата и левиот либерализам мора емоциите во политиката да ги разберат, не да ги потценат како второстепен политички инстинкт, и да се подготват за борба за своите вредности на индивидуални човекови права, права на етничките малцински култури и ранливи групи и малцинства, правда и солидарност, а не овие вредности да ги земаат здраво за готово како еднаш достигнати и веќе дадени“, рече Фрчкоски.

Националната десница во Македонија е само по проста форма на основните линии опишани кај европската радикална десница (национализам, вдомена етничка омраза, ксенофобија и затвореност, лажна реторика про – ЕУ но сè се прави да остане изолацијата на земјата (континуитет на груевистичката политика) крајна неодговорност на блокирање на земјата.

СДСМ и левата коалиција мора да пронајде форма на создавање привлечен модел на отворен еманципиран Македонец/ка како културно дефиниран и самоуверен лик за кој може да се гласа без страв од „наводно исчезнување“ со отворањето.

Tags: Јон Фрчкоски
Next Post
Фото: Цивил Медиа / Ариан Мехмети

Арсовски: Не гледам дека Софија ќе се откаже од нешто што веќе го има добиено, Мицкоски мора да добие нешто различно од сегашниот пакет

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk