ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Генерал од Војската на босанските Срби преку писмо признава одговорност за геноцид во Сребреница

November 13, 2024 16:11
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот армиски генерал на босанските Срби, Радислав Крстиќ, кој беше осуден на 35 години затвор од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница, побара судот на Обединетите нации да го објави неговото писмо во кое тој целосно ја прифаќа одговорноста за извршените злосторства и изразува каење.

На веб-страницата на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИКТ), наследник на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), беше објавен поднесок во кој адвокатот на Крстиќ, Владимир Петровиќ, поднел барање привремено да се пушти на слобода неговиот клиент, а со тоа го приложил и неговото барање до судот покајничкото писмо да биде јавно достапно.

По отслужувањето на 26 години од затворската казна, Крстиќ прво побара предвремено ослободување во 2022 година, но МИКТ го одби. Вакво барање повторно поднел во јануари, наведувајќи го како причина нарушеното здравје, но и подготвеноста целосно да ја признае одговорноста за делата за кои е осуден.

Неговиот адвокат во новиот поднесок до судот посочува дека МИКТ сега треба да го преиспита тоа барање, особено затоа што Крстиќ е подготвен да се изјасни за виновен и сака да ја потврди искреноста на тоа признание со писмокое ќе биде јавно достапно.

Крстиќ го испратил тоа писмо до МИКТ на 18 јуни, во кое наведува дека бил директно мотивиран од резолуцијата за осуда на геноцидот во Сребреница, која во мај ја усвои Генералното собрание на ОН, а во тој документ неговото име се споменува меѓу одговорните за убиството на илјадници бошњачки мажи и момчиња.

Крстиќ му напиша на судот дека и самиот ќе гласал за таа резолуција доколку имал право на глас.

– Моето име се споменува затоа што помогнав и го поддржав геноцидот, моето име се споменува затоа што направив незамисливо и непростливо злосторство, се наведува во писмото на Крстиќ, кој во 1995 година беше командант на т.н. Дринскиот корпус на војската на босанските Срби, чии членови директно учествуваа во убиството на заробените жители на Сребреница.

Крстиќ вели дека секој ден се сеќава на невините луѓе кои беа убиени и сака со неговите зборови да ги охрабри другите никогаш да не дозволат да се повторат слични злосторства.

Tags: геноцидпризнаваСребреница
Next Post

Шолц: Германија ќе направи се да одржи добри односи со САД

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk